Offside

Приказна од едно гостување на ултраси кои не сакаат камери, телефони, дресови, лајкови и фејвови...

Ако на некој уште не му е јасно како Левандовски игра со глава

Човекот со преку 600 голови во кариерата, кој пристигна во Шпанија како втор најдобар стрелец во историјата на Бундеслига, викендов ќе дебитира во Ла Лига. Први кои треба да му берат гајле се дефанзивците на Рајо Ваљекано, односно Столе и другарите. Ги чека многу тешка работа.

Види ги ти Романците правење атмосфера, мислиш Бока - Ривер играат

Конференциската лига е трета по ранг клупска фудбалска битка во Европа, ама за навивачите на Стеауа Букурешт тоа не е причина да не го исполнат стадионот. Дојдоа во бројка од 40.000 на мечот против Дунајска Стреда од Словачка и буквално блеснаа. Следно ги чека Викинг во плејоф.

До волку да си малер во судиско, па да се изедеш

Навивачите на Лех Познањ живи нервози изедоа синоќа во Конференциска лига. После поразот од Викингур од Исланд од 1:0, на реваншот водеа дома 2:0, ама запнаа да дадат и трет гол за комотно да го завршат мечот. На крај од 90, фудбалот се претвори во 120 минутна заебанција.

ФИФА и Ел Салвадар не го заборавија легендарниот Киро

Црвена Звезда не е единствената спортска институација од надвор која му оддаде почит на Кирил Дојчиновски. Сочувство изразија и Џани Инфантино, како и Фудбалската Федерација на Ел Салвадор.

Навивач го начека Перез и го праша зошто не го врати Роналдо

Видеото е снимено после освојувањето на Супер Купот на Реал Мадрид во средата, а одговорот на првиот човек на кралскиот клуб е сосема логичен, колку и да некој се обиде да го толкува како провокација.

Еден префинет, симпатичен фудбалски штос

Триесет и две годишниот Рамон Абила е центарфор кој се изнаигра фудбал во неколку аргентински и бразилски клубови а најголема трага остави во Бока со која освои две шампионски титули во 2017/2018 и во 2019/2020. Сега на заоѓање на кариерата игра за Колон Санта Фе а на мечот со Арсенал Саранди (1:1) направи преубав, едноставен дриблинг.

Прво правило - нема правила, ќе кажеш одиш во тоалет и готово

Каспер Руд, седми рекет на светот е единствениот тенисер од топ 10 кој остана во игра на Мастерсот во Монтреал откако едвај го совлада незгодниот Роберто Баутиста Агут со 6-7, 7-6, 6-4. Во мечот кој траеше три часа, на крајот од првиот сет, Норвежанецот тргнал да се пресоблече во соблекувална, а судијата го убедуваше дека за такво нешто мора да побара пауза за тоалет. Според правилата.

Чудесен потег на Дончиќ: погоди тројка од голема далечина седнат на клупа

Лука Дончиќ само што ја заврши сезоната во НБА, одмори неколку дена и веднаш и се приклучи на репрезентацијата на Словенија. 23-годишната суперѕвезда на Далас Маверикс на еден тренинг на Словенците постигнал неверојатен кош, во негов својствен стил.

Српски играч на АЕК нападна фоторепортер на терен

Поранешниот дефанзивец на Фиорентина, Ненад Томовиќ направи инцидент во Белград по завршувањето на мечот Партизан - АЕК Ларнака. Иван Тричковски не успеа да го задржи.

Опасен слалом на соиграч на Тричко вреден елиминација на Партизан

Французинот Имад Фараж ја намачка на леб цела одбрана на Партизан во стилот на Лео Меси. Голчиште за најавни шпици со кое на АЕК Ларнака му донесе конечни 2:2 во Белград, за пласман во плејофот од Лига Европа. Партизан е елиминиран со вкупни 3:4.

Иско пречекан во Севиља ко Тито во Либија

Големата надеж на Реал Мадрид кој со „кралскиот клуб“ освои неколку шампионски трофеи во Лига на шампиони, во Ла Лига, во шпанскиот Копа дел Реј, но во последните две сезони беше подзаборавен на клупата за резерви, реши да смени средина за да игра повеќе. Се реши за Севиља а навивачите на стадионот „Санчез Писхуан“ го пречкаа величествено.

Дојчиновски свирел во оркестар на мандолина, а за Вардар играл скришно од татко му

Животниот фудбалски пат на славниот Киро е убаво раскажан во емисијата „Патот до успехот“ на една недела пред стартот на СП 2018. Тој не е само прв Македонец кој заиграл на Мундијал, туку и прв заедно со Методија Спасовски кои стапнале на Маракана во Бразил. Фоторепортерите го имаат фатено заедно со Пеле.

Прекрасната белградска приказна за комшија Кире

Комшиската лекција на Кире траеше 20-30 минути. За нас вечност. Ние останавме на „Травица“ и наместо да играме, раскажувавме како играше „крљаџијата“.

Енис Барди има нов клуб, пред врата е да заигра во Лига на шампиони

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, по одличните игри за шпански Леванте, беше цел на неколку европски клубови, а на крај се реши да потпише за турскиот шампион Трабзонспор.

Стара добра најава за Серија А од времето која ја изнасмеела цела Италија

Новата сезона во италијанското калчо ќе започне викендов. Шампионот Милан одбраната на скудетото ќе ја започне со Удинезе на „Сан Сиро“. Интер гостува кај Лече, Мурињо со екстра засилувања ќе отвори во Салерно а Јувентус го пречекува Сасуоло. Еве една интересна најава за Серија А уште од времето.

Циципас почнува сериозно да го заменува Кирјос во идиотлуци

Додека австралискиот Грк или грчкиот Австралиец Кирјос полека како да ја намести главата и повеќе прави забава и шоу отколку што е непријатен на терен, Гркот Стефанос Циципас повторно направи голем екцес. 

Реал Мадрид повторно го освои Супер Купот, сега е лидер по трофеи и во овој турнир

Реал Мадрид одново освои трофеј, овојпат повторно пехарот наменет за победникот во Суперкупот на Европа.

Кромидарник на денот во Копа Либертадорес

Во четвртфиналето од најелитното клупско натпреварување во Јужна Америка, Палмеирас го елиминираше Атлетико Миниеро на пенали. 21 годишниот Данило има проблеми со логика, за што доби скроз заслужен црвен картон.

Дај одземете му ги копачките и стајте го хонорарец во театар за аматери

Малезија држи чудно човече кое дефинитивно според однесувањево нема профил на фудбалер. Каков банален лик. После глупирањето со публика, фати да глуми роловано гиро.

Фото на денот со првиот Македонец на Светско

Владимир Петровиќ Пижон и Кирил Дојчиновски потпишуваат автограми во стоковна куќа во Франкфурт, од каде сите репрезентативци на Југославија добиле телевизори во боја за време на Мундијалот 1974, кој го освои домаќинот Западна Германија предводена од Герд Милер и Франц Бекенбауер.

Како Роџер Федерер изненади едно дете кое навива за него од мало

Некаде во август 2017-та на прес-конференција на големиот УС Опен, малото дете Изјан Ахмад Зизу го прашува неговиот голем идол Роџер Федерер „дали би можел да продолжи да игра уште едно осум, девет години така што кога Зизу ќе стане професионален тенисер, ќе игра против неговиот идол“? 

Династија Ибрахимовиќ: И децата ќе тренираат и играат во Милан

Италијански Кориере дела Сера пишува дека двата сина на легендарниот Златан Ибрахимовиќ ќе тренираат и играат во младинската школа на Милан.

Репортажа на Црвена Звезда за Кирил Дојчиновски

Во емисијата „Легендите на Маракана“ има место само за избрани имиња, како што е славниот Дојчиновски кој почина денеска на 78 годишна возраст. Звезда не го испрати само со статус на социјалните мрежи, туку потсети на неговите трофејни денови во црвено белиот дрес. Да не се погодеше воениот рок, не им бегаше финале во ЛШ.

Теодосиќ со песна и порака се прости од репрезентација

И покрај тоа што не е престарен и на 35 години игра на високо ниво во Виртус Болоња, Милош Теодосиќ не влезе во конечниот список на селектор на Србија, Светислав Пешиќ за Европското во кошарка кое стартува на 1 септември. Долгогодишниот капитен беше испратен од кампот на репрезентативците во кафански стил, со стихови во кои има порака.