Прво правило - нема правила, ќе кажеш одиш во тоалет и готово

Каспер Руд, седми рекет на светот е единствениот тенисер од топ 10 кој остана во игра на Мастерсот во Монтреал откако едвај го совлада незгодниот Роберто Баутиста Агут со 6-7, 7-6, 6-4. Во мечот кој траеше три часа, на крајот од првиот сет, Норвежанецот тргнал да се пресоблече во соблекувална, а судијата го убедуваше дека за такво нешто мора да побара пауза за тоалет. Според правилата.

К. Руд: Треба да лажам дека сум во тоалет?

Судијата: Да, мора да одите во тоалет, зашто велите дека ќе одите.

Руд: Не реков дека ќе одам во тоалет. Кажав дека ќе се пресоблечам.

Судијата: Да, и тоа е под „правилото пауза за тоалет“.

Руд: Значи, следниот пат да излажам дека одам навистина во тоалет?

Судијата: Може да правите што сакате, може да се пресоблечете ако сакате, но мора да одите и во тоалет. Ова ви го објаснувам, зошто според правилата ќе добиете опомена.

Руд: И за тоа ќе добијам казна, околу 3.000 долари, зарем не?

Судијата: Не знам.

12 август 2022 - 09:58