Циципас почнува сериозно да го заменува Кирјос во идиотлуци

Додека австралискиот Грк или грчкиот Австралиец Кирјос полека како да ја намести главата и повеќе прави забава и шоу отколку што е непријатен на терен, Гркот Стефанос Циципас повторно направи голем екцес. 

На Мастерсот во Монтреал, Циципас изгуби 7-5, 7-6 од Џек Дрејпер и тоа е најголемо изненадување на турнирот. Гркот во еден момент од првиот сет нервозен и фрустриан намерно со сета сила го гаѓаше Дрејпер во тело, но 20-годишниот Британец на време избегна болен удар.

Гркот не се извини и се правеше како ништо да не е.

11 август 2022 - 10:38