Навивачка со украинско знаме отстранета од тениски меч на Русинки во Синсинати

Дуелот од квалификациите за главната ждрепка на женскиот турнир во Синсинати меѓу Ана Калинскаја и Анастасија Потапова беше неколку пати прекинуван поради тоа што некоја навивачка, извесна како Лола, влегла со големо украинско знаме, со цел да ги провоцира руските тенисерки.

Американскиот новинар специјализиран за тенис, Бен Ротенберг на Твитер објави дека една од тенисерките од Русија се пожалила кај судијката Лари Морган а Лола наводно и нешто дофрлала до младите тенисерки.

И било соопштено дека не е во ред да седи со украинско знаме на меч меѓу две руски тенисерки а таа одговорила дека не е убаво ни да се врши инвазија на друга земја.

Тогаш реагирало обезбедувањето и рекло дека ако не го напушти теренот ќе повикаат полиција. На крај и било овозможено да гледа тенис само ако го остави знамето во кола, затоа што наводно големината, димензиите биле поголеми од дозволените според прописот на турнирот.

16 август 2022 - 09:57