За разлика од голем број руски спортисти кои решија дека молкот е најдрагоцен и многу не се огласуваа по најтешките санкции кои рускиот спорт ги доживеа во историјата, една млада скијачка отворено застана зад претседателот на Руска Федерација Владимир Путин.
На изјавата на првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах, кој во подолго интервју за германски „Билд“ рече дека веќе ниту едно светско ни европско првенство нема да се одржи на руска земја, Вероника Степанова имаше одговор.
Бах во интервјуто вели:
„Дадовме ваква препорака и уште е на сила. Ниту еден момент оваа препорака и став да не се сменат. Исто се заложуваме да не се повикуваат руски или белоруски спортисти: нема обележја, знамиња, бои. Ја донесовме таа одлука и првпат во историјата на МОК го повлековме медалот кој претседателот Путин го доби уште 2001-ва“.
Младата скијачка Степанова на ова реагирала со одговор:
„Ви ветувам, господине Бах, дека ќе тренирам три пати понапорно и дека само вие и никој друг нема да ми го даде медалот на идните натпреварувања. Не ве знам, ама би сакала да го имам тоа задоволство тогаш да ви го видам ликот“, рекла Степанова.
Младата Степанова која е родена во местото Јелизово во областа Камчатка, има врвни резултати. На Олимписките Игри во Пекинг освои златен медал во крос каунтри скијање. Има уште и злато и две сребра од јуниорско Светско првенство.
На крајот од април годинава кога рускиот претседател Владимир Путин им оддаде почест, признание и ордени на олимпијците кои добија златни медали на Олимписките Игри, Степанова рекла:
„Во моите очи Русија се враќа силна, горда и успешна повторно. Не секој во светот ја сака, очигледно, но ние сме на прав пак и дефинитивно ќе победиме, исто како што победивме и на Олимписки Игри“.