Царски голмански гол за 2-2 во 90+2’ минута

Како што почнаа англиските фудбалски лиги, така од коло во коло има многу интересни настани. Пред да се фатат Тухел и Конте, менаџерите на Челси и Тотенхем кои ја шокираа јавноста, голманот на Квинс Парк Ренџерс, Сени Диенг во 90+2’ минута му донесе голем бод на својот тим од гостувањето кај Сандерленд.

Сени Диенг е 27-годишен голман роден во Швајцарија со сенегалско потекло. Досега во кариерата сменил еден куп тимови, од Цирих преку Грасхопхерс, Дуизбург, Флајд, КПР и шест позајмици во нисколигашки клубови.

15 август 2022 - 12:11