Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Навивач на Еквадор реметеше Арап со гестикулирање пари

Еквадор испиша историја и стана прва селекција која успеала да слави над домаќинот на отворањето на Светско. Еквадорски навивач провоцираше на трибина домашен навивач, веројатно кажувајќи му дека победа со пари не се купува.

Кое правило се активираше за поништениот гол на Еквадор?

Еквадор славеше 2:0 против домаќинот Катар на првиот меч на Мундијалот. Соиграчот на Алиоски од Фенербахче, Енер Валенсија постигна хет-трик, ама еден гол му беше оправдано поништен со ВАР. На социјалните мрежи се крена голема галама дека бил регуларен.

Милевски: Ова е убав шамар за сите нас

Македонската фудбалска репрезентација не е во добар момент, а на денот на отворањето на Мундијалот на кое за прв пат му се доближивме на 90 минути, бележи неочекуван пораз и тоа дома од Азербејџан. Селекторот конечно е самокритичен.

Катар го отвори Мундијалот со спектакл во кој учествуваше голема холивудска ѕвезда

По сите долгогодишни перипетии, критики и контроверзи кои ги призна и самиот Сеп Блатер, дојде и тој ден, а тоа е стартот на 22-то Светско првенство кое за прв пат во историјата се игра во една мала земја како Катар и за прв пат во зима.

Предвидувања за Светско

Јутјуб подкастот „Ајде да зажмуримо“ се враќа на сцена за Мундијалот во Катар. Ги кине одлично сите ликови од нашата јавна, грото политичка сцена. Еден вели вака: Кој ќе освои Светско првенство? Па лесно прашање е тоа. Го знам одговорот. Ќе освои Светско првенство тој што ќе победи во финалето. Лесно е тоа, не треба да ви објаснувам.

Најубавата улица во Аргентина за Светското

Јужноамериканците со голема страст го доживуваат секој Мундијал, па така и овој во Катар, прв зимски во историјата. Една уличка во Аргентина е цела обоена во боите на „гаучосите“ кои предводени од големиот Лео Меси одат во поход на златниот пехар.

Пирс Морган со трипл-дабл за лицемерието околу Светското во Катар

Во глобалната галама за Мундијалот во Катар, дискусиите за човекови права, алкохоли и друго, поентерски најпрецизен испадна познатиот британски уредник и новинар.

Хрватите направија навивачка атмосфера во Доха

Светскиот вицешампион ќе има поддршка во Катар од своите верни навивачи. Група на Хрвати облечени како арапи, пееја песни и беа атракција во центарот на Доха. Хрватска првиот меч го игра против Мароко, во среда со почеток од 11 часот.

Официјалната химна за СП Катар 2022

Латино ѕвездата Малума, американската раперка Ники Минаж и либанската уметница Мирјам Фарес се изведувачи на песната „Tukoh Taka“, официјалната химна на Светското првенство. Ја пејат на шпански, англиски и арапски.

Претседателот на ФИФА го обвини Западот за лицемерие

На еден ден пред стартот на најголемиот фудбалски спектакл на планетата, Џани Инфантино рече дека не е лесно да се прифатат критики за одлука која е донесена пред 12 години и дека ова ќе биде најдобро Светско до сега.

Ѓоковиќ се тресеше од замор на мечот против Медведев

Новак Ѓоковиќ славеше против Данило Медведев со 2:1 со што обезбеди пласман во полуфиналето на АТП турнирот во Торино. Видеото кое најмногу кружи од тешката тричасовната битка е моментот кога Србинот седи исцрпен и се тресе од умор.

Како изгледа грчка салата во фан зоната во Катар?

Footy Scran е Твитер профил со скоро 500.000 следбеници каде се објавува храна од стадиони од цел свет. Навивачов, за 9 фунти или 635 денари, веројатно за прв и последен пат ќе нарача грчка салата во Катар.

Србите се загреаа за Мундијалот со петарда, еврогол на Тадиќ

Момците на Драган Стојковиќ Пикси одбработија одлична и доста ефикасна последна контролка пред Светското во Катар на која го совладаа Бахреин со 5:1. Двоен стрелец беше капитенот Душан Тадиќ, кој постигна маестрално и неодбранливо голчиште од слободен удар, а по еднаш стрелаа Влаховиќ, Ѓуричиќ и Јовиќ.

„Тоа е фудбалот“ со Златко Калински, гостин Столе Димитриевски

Што му кажал Столе на Модриќ пред пеналот против Реал Мадрид? Каков подарок добил од Анчелоти? Какво е чувството да се игра за тим како Рајо Ваљекано? Одбраната против Косово и неговата тетоважа.

Ајде да се разбереме околу алкохолот на Светско во Катар

После многу нагаѓања дали смее или не смее да се пие, каде е дозволено, каде „ќе те апсат и носат во затвор“, најдобар опис на настаните од терен, во Катар, има главниот репортер на британски Скај Спортс, Кавех Солекол.

Се запознаваме со Група Ц на Светско првенство: Аргентина, Саудиска Арабија, Мексико и Полска

Стигнавме до станицата „Ц“ - група во која ќе игра најдобриот фудбалер на денешницата. Ќе биде интересно да се види како „гаучосите“ ќе се справат со Полска на Левандовски, со непознатата Саудиска Арабија и со секогаш незгодниот Мексико.

Катар забрани пиво на стадионите на два дена пред стартот

Пијачката која е поим за гледање пиво, домаќините решија да им ја ускратат како задоволство на навивачите кои тек сега ќе пцујат на големо. А ФИФА веќе има спонзорски договор со Бадвајзер кој чини грдни пари.

Попот во мантија што ја бодреше Звезда на баскет

Црвена Звезда со новиот тренер Душко Ивановиќ ја оствари втората победа во Евролига. Против француски АСВЕЛ, белградскиот тим славеше во драматична завршница во која им помогна и еден православен свештеник кој стана хит.

Фудбалерите на Аргентина ја распалија скарата во Катар

Не сме само ние по таа работа. Аргентинците на Светско отпатувале со 3,5 тона месо. Србија дали се слушаме?

На Агуеро му преседнал летот

На легендарниот Серхио Кун Агуеро кој одлетал за Катар да ја бодри својата Аргентина, му се паднало да се најде во авион со бразилски навивачи, едни од најгласните на секое Светско првенство. Главата му ја растропале цел пат. Среќа што го познава јужно-американскиот менталитет па некако истрпел.

А видовте ли Полјаците како отидоа на Светско првенство?

Целата селекција на Полска, 26 фудбалери, стручен штаб и екипаж на полската национална компанија тргнала во Катар во придружба на два ловци F-16 Fighting Falcon, американски повеќе функционален ловец од четврта генерација кој во 2019-та година бил најраспространет воен авион во светот.