Во цврст натпревар Макпетрол и ЕВН одиграа реми
Макпетрол 3-3(2-3) ЕВН
Макпетрол: Никол Секуловски 13’ Ариан Бела 9’ Марио Митровиќ 21’
ЕВН: Вилијам Митев 11’ 15’ Ајет Новобрдалија 4’
Пролетниот дел од Бизнис Лигата го отворија екипите на Макпетрол и ЕВН, двете екипи во овој натпревар влегоа со брзо темпо на игра и голем мотив за победата. Екипата на ЕВН го отвори резултатот со погодок во 4та минута од слободен удар, по ова водство на ЕВН екипата на Макпетрол се префрли во противничка и со силен притисок се обидуваше да дојде до израмнување. Екипата на Макпетрол во 9та минута од полувремето успеа да дојде до израмнување на 1-1 преку погодокот на Бела, по ова израмнување двете екипи играа егал натпревар. Сепак до полувремето екипата на ЕВН имаше подобра реализација па на паузата замина со минимална предност од 2-3. Во второто полувреме екипата на Макпетрол успеа да дојде до повторно израмнување со погодокот на Митровиќ во 21та минута, екипата на Макпетрол успеваше да даде одговор на секој погодок на ЕВН. Екипите во второто полувреме продложија со високо темпо на игра и со чести ротации ја одржуваа свежината во своите тимови. Екипата на Макпетрол продолжи со притисок кон голот на ЕВН, но ЕВН одлично ја постави играта во одбраната а својата шанса за повторно водство ја бараше преку брз контра напад. Сепак до крајот на второто полувреме ниту една од екипите не успеа да реализира па екипите ги поделија бодовите со 3-3.
Гранит со целосен пресврт во второто полувреме дојде до победа над DHL
Гранит 5-2(1-1) DHL
Гранит: Дарко Петровски 20’ 34’ Димитар Илиевски 22’ Мартин Ќушкоски 24’ 29’
DHL: Вања Груевски 11’ Мартин Каревски 36’
Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Гранит и DHL, натпреварот го отвори екипата на DHL во 11та минута со погодокот на Груевски и дојде до водство од 0-1. Екипата на Гранит во самиот финиш од првото полувреме успеа да го израмни резултатот и да го заврши полувремето со 1-1. Во второто полувреме екипата на Гранит успеа да ја наметне својата препознатлива игра и со цврста игра во одбраната да си обезбеди контра напади преку кој доаѓаше до реализација. DHL се обиде да фати резултатски приклучок но Гранит не го дозволи тоа, продолжи со одлична игра и дојде до победа на овој натпревар од 5-2