Се начекале руски и украински фудбалери во ист хотел во Турција

Скоро сите европски екипи зимските подготовки ги поминуваат во прекрасните Анталија и Аланија на турското крајбрежје. Таму деновиве се нашле и рускиот клуб Шиник од Јарослав и украинскиот Минај од Узгород (Закарпатска област). Прво не сакале да се сретнат едни со други, но поради зафатеноста на хотелите во Анталија поради неодамнешните земјотреси во Турција, немало друг избор.

Многу очекувано, избила тепачка. Русите велат дека пијани украински фудбалери истепале нивен играч пред лифтот во хотелот и барале од нивен член да ја пее украинската химна, а украинскиот медиум „Бомбардир“ пишува дека руски фудбалер под дејство на алкохол се однесувал грубо со нив па морале да му вратат.

На крајот сè поминало со мала физичка пресметка без поголеми последици, а рускиот клуб решил да го напушти хотелот и да побара друг.

14 февруари 2023 - 15:00