Мамиќ во Скопје кога дојде беше жива атракција

Шерифот од Максимир, на Градски беше за мечот Вардар - Динамо Загреб. На полувреме од средбата не го оставија да дише.

Најконтроверзната легенда и будалетинка на Балканов дојде во Скопје за второто квалификациско коло од ЛШ меѓу Вардар и Динамо, на 12 јули 2016-та.

Тоа беше една сезона пред Вардарци да го остварат историскиот пласман во Лига Европа.

Не поминаа до толку лошо против фаворитот и успеаа да му дадат вкупно 3 гола. Дома загубија 1:2, на гости 3:2.

На Северната трибина во центарот на вниманието беше Здравко Мамиќ, на кој му доаѓаа луѓе за сликање. Атракција, како Берлускони да дошол.

Од Хрвати, Македонци, новинари, редари, полицајци, сите сакаа да имаат фотографија со Мамињо, кој инаку вчера соопшти дека и официјално се збогува со Динамо и фудбалот воопшто.

Мамиќ и официјално свирна крај во Динамо Загреб и фудбалот

Најлудиот јавен настап во кариерата на Мамиќ

14 февруари 2023 - 15:03