Попладнево во швајцарскиот град Нион, во седиштето на УЕФА, по ждрепката за елитната Лига на шампиони, се извлекоа и паровите за 1/16 финале во второто по ранг натпреварување - Лига Европа.
Атлетико Мадрид - Баерн Минхен и ПСЖ - Манчестер Јунајтед се двете најатрактивни осминафинални битки во следната фаза од Лигата на шампионите. Незгоден противник доби и италијанскиот шампион Интер.
Пети Милс до Кевин Дурант, Кевин Дурант до Пети Милс, Пети Милс до Кевин Дурант, Кевин Дурант до Пети Милс, Пети Милс до Кевин Дурант, Кевин Дурант до Пети Милс...Доста ви е?
Макс Верстапен е уникатен и модерен пилот во современата Формула 1 и тоа никој не може да го спори. После долги години патувачкиот циркус конечно доби ривалитет кој ја заинтригира јавноста. Урната е хегемонијата на Луис Хамилтон. Ја сруши најмладиот победник во историјата на Гран при (сопственик и на рекордот за најмлад дебитант во Ф1).
Знаете што? 7 метри и 32 сантиметри е ширина на голот, а 2 и 44 е висина. Па ова и јас би го дал на празен гол, рече коментаторот на мечот Лајпциг - Борусија Менхенгладбах 4:1.
Тимот на Лучано Спалети три кола е без победа во Серија А. По ремито со Сасуоло и поразот дома од Аталанта, повторно загубија пред своите навивачи, овој пат со глупоштија од гол. Камерунецот Андре Франк Замбо Ангиса ја исфрли топката со глава, ама многу несреќно го погоди Кутроне во глава и топката влезе во гол. 85 минути за Елмас кој излезе поради повреда.
Сасуоло по којзнае која сезона по ред игра фудбал за мерак. По цена и да изгубат, црно-зелените играат атрактивно и тоа понекогаш им носи резултат. Откако го урнаа Милан на гости, сега го здиплија и Лацио со 2-1 и тоа после пресврт.
Јута Џез го растури Вашингтон Визардс со 123-98, но главен хајлајт од мечот е еден комичен обид на 28-годишниот Кентавиус Колдвел Поуп кој се реши да забива во еден напад, ама како да го утна аголот.
Хезус Санчез им рекол дома дека не планира да се одјави додека не го види Атлас со шампионскиот пехар. Тоа го доживеал само еднаш во животот, во 1951-ра година, кога имал 20 години и еве го сега повторно по 70 години пауза, Атлас е шампион на Мексико и тоа по изведување пенали. Какво чувство.
Актуелниот шампион на Шпанија капитулираше во мадриското дерби и сега и на -13 со натпревар помалку зад големиот ривал. Карим Бензема ја игра сезоната на кариерата.
После голема драма и неколку чудни одлуки, 24-годишниот Холанѓанец Макс Ферстапен успеа да го симне од тронот апсолутниот шампион Луис Хамилтон и да стане нов светски првак.
Купот на Арабија во организација на ФИФА се игра првпат годинава меѓу репрезентации од арапскиот свет. Овој турнир за првпат во историјата се играл во 1963-та но со прекини низ годините а организатор била UAFA (Арапска фудбалска асоцијација).
Денвер Нагетс го доби Сан Антонио Спарс 127:112 а одново најдобар играч на паркетот беше Никола Јокиќ со 35 поени, 17 скока, 8 асистенции и 2 блокади. МВП на НБА лигата буквално правеше што сака на теренот, од луцидни асистенции до силни забивања со кои го виткаше обрачот.
40-годишниот Златан го спаси својот Милан од пораз на гостувањето кај Удинезе (1:1) со гол во 90+2' минута. Ибрахимовиќ со погодок во негов карате стил ја погоди мрежата и влезе во друштво на Лео Меси и Кристијано Роналдо на уникатната листа од тројца играчи кои дале најмалку 300 гола во најдобрите европски лиги. Лионел има 475, Кристијано 483 а Златан јубилејни 300.
По речиси еден месец пауза поради повреда, македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се врати во тимот на Шалке 04 и одигра одлична партија како стартер.
Америка Де Кали со 2-1 го победил тимот на Алијанса Петролера. На овој натпревар дувало толку ветер што на судијата во еден момент му летна жолтиот картон, ама брзо му го најдоа за да му го покае на Аранго од Петролера.
Фудбалерите на Црвена Ѕвезда не само што успеаа да ја минат незгодната група во Лига Европа, туку со ремито во Португалија против Брага се изборија за прво место. Тоа значи дека го скокаат плејофот и одат директно во осминафинале кое ќе го играат дури во март.
Тренерот на Црвена Звезда еуфорично го прослави првото место во група на Лига Европа за неговиот тим, откако синоќа со Брага одиграа 1-1 и освоија драгоцен бод со кој се на чело на табелата и одат директно во осминафинале. Станковиќ после мечот трчаше ко Мурињо со Порто на Олд Трафорд и со Челси на Камп Ноу.