
Сите тимови ќе играат два пати едни против други - дома и на гости. На крајот од основниот дел повторно ќе има доигрување за пласман во осминафинале а на крајот ќе има и Фајнал Фор.
Новајлии во Евролига се Дубаи (игра и во Јадранска АБА лига) и Хапоел Тел Авив (за првпат во историјата ќе игра Евролига и реши да потроши милиони на засилувања).
Во првото коло токму Дубаи ќе го пречека Партиан а Хапоел Тел Авив ќе игра против Барселона. Актуелниот шампион Фенербахче ќе ја почне одбраната на круната против Париз, Валенсија која се враќа во Евролига по една година отсуство, ќе ја почне сезоната против АСВЕЛ.
Првото израелско дерби Хапоел Тел Авив - Макаби Тел Авив ќе се игра во 3. коло. Големото грчко дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос е во 19. коло а домаќини ќе бидат црвено-белите од Пиреја.
Турското дерби Анадолу Ефес - Фенербахче е на програмата во 6. коло а мега дербито Партизан - Црвена Звезда ќе биде закажано за 15. коло (12-ти декември од 20:30). Второто белградско вечни дерби е планирано за 2-ри април 2026 во 35. коло.
Натпреварите за доигрување ќе се играат на 21-ви април со реванши на 24-ти април. Доигрувањето во осминафинале ќе се игра во три добиени од 28-ми април до 13-ти мај.
Полуфиналните дуели на Ф4 се закажани за 22 мај а големото финале за 24. мај во Белград.