Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Врвна компилација со лажњаци на Џордан

Најголемата кошаркарска икона на сите времиња, денеска дувна 60 комада. Како ли да се одбере клип за објава по повод неговиот роденден? Ако запнеме, 60 јаки ќе најдеме. Минимум.

60 години Мајкл Џордан: Зошто беше прв во сè што правеше?

Ја одбележа не само ерата во која играше, туку и иднината на спортот. Ја направи НБА глобална. И ден денес со „The Last Dance“, повеќе се зборува за него, отколку за денешните ѕвезди.

Да не беше ракометар, Недановски би бил земјоделец или политичар

Од СЕХА лигата се решија малку на забава и снимија видео со тренерите и играчите на Вардар и Партизан. Кај двократниот европски првак на прашањата на тренерот Владо Недановски одговараат Филип Талески, Дејан Манасков, Мартин Карапалевски и Мартин Томовски.

Кучето Протео, јунак кој спаси неколку лица од земјотресот - се појави на големата кореографија на Трабзон

Мечот Трабзонспор - Базел во рамки од Лига Конференции помина многу емотивно за сите кои го следеа и во живо и на телевизија. Навивачите на домашниот тим кој стана прв турски состав кој заигра фудбал по разорните катастрофални земјотреси, направија многу емотивна кореографија.

Кој носи капа, та-ра-ра-ра-ра

Повеќе од две илјади навивачи на Манчестер Јунајтед допатувале во Барселона за да го бодрат својот тим на „Камп Ноу“. Видоа фантастичен меч, два гола и одличен резултат (2:2) пред реваншот на „Олд Трафорд“. Како што обично бива, на крајот дофрлања меѓу навивачите на двата тима, ама еден англиски навивач остана без капа.

Шах-мат и еврогол на Севиља во три потези

Севиља со 3-0 го растури холандски ПСВ Ајндховен и со една нога е во осминафинале на Лига Европа. Андалузијците одиграа перфектен меч, а шлаг на тортата беше голот на Немања Гудељ за 3-0 во 55’ минута.

Голот на вечерта е дело на капитенот на Лацио

Фудбалерите на Лацио минимално го совладаа романски ЦФР Клуж во Лига Конференции и со гол предност ќе патуваат на реваншот за една недела. Од бројните шанси тимот на Сари искористи една, во 45+4’ минута од првиот дел кога Чиро Имобиле фати еден школски волеј. Многу тежок шут.

Врвната одбрана на Де Хеа, ја фати жива како на тренинг

Барселона и Манчестер Јунајтед одиграа спектакуларен меч во Лига Европа, дуел кој личеше како завршница на Лига на шампиони. И домаќините и гостите постигнаа по два гола а имаа шанси за уште најмалку по два. Како на пример онаа по шутот на Рафиња кога Де Хеа ја фати жива.

Шансата на Киеза кој погоди пречка, статива и тапна на гол линија

Јуве одигра само 1:1 против Нант во плејоф натпреварите од Лига Европа. Мечот донесе многу драми во вториот дел. Судијата во 95-та гледаше ВАР за евентуален пенал, а претходно Киеза имаше убава прилика за гол и се изначуди како топката не влезе.

Прво имаше фаул за Нант или пенал за Јуве?

Мечот меѓу Јувентус и Нант од ЛЕ кој заврши 1:1, донесе многу специфична цитуација во 95-та минута која на главниот судијата му требаше многу време да ја реши со помош на ВАР. Дали да се досуди пенал за Јуве поради играњето со рака или па фаул во напад?

„Секогаш ќе бидеме заедно и ќе си ги лечиме раните“

Трабзонспор е првиот турски клуб кој одигра фудбалски натпревар после катастрофалниот земјотрес во кој загинаа илјадници луѓе. Кореографијата и обединувањето го засенија мечот.

Ибра и син му тренираа со прв тим

На тренинг на Милан со првиот тим кај тренерот Стефано Пиоли се појавил и 16-годишниот син на Златан, Максимилијан Ибрахимовиќ.

Банер на колото на Сити Парк Бојс

 

Работнички пред неколку дена го совлада Гостивар убедливо 98:63, ама без публика поради казната што ја доби клубот за навредите на навивачите кон првиот човек на КФСМ Перо Антиќ. И покрај тоа што немаа можност да влезат во сала, навивачите на Работнички успеаа да испратат порака.

Играч од среден ред во Италија одбрани пенал во 94-та важен во битката за опстанок

Во недела кога топ тема во фудбалот е Лига на шампиони, Италијанците ќе ти извадат меч со лудо сценарио кое не паметиме дека некогаш се случило во прволигашки фудбал.

Од топ 10 во НБА никогаш доста

Секој што прати кошарка сака да ужива во забивања, ама овој пат предност ќе им дадеме на дриблинзите на Џејсон Татум од Бостон и Ламело Бол од Шарлот кои заслужуваат и повисоки позиции од број 5 и 4. Многу јако, посебно потегот на Татум.

Легендарниот муабет на Ќиро за Батистута

Секогаш ведар, насмеан, наоружен за шега и мајтап. Ќиро Блажевиќ пред еден меч на славната хрватска селекција која освои трето историско место на Светско првенство 1998-ма му одговара на некој странски новинар на прашање поврзано за тогаш најдобриот светски шпиц Габриел Батистута.

Оптимистички муабет на навивач на Арсенал кој стана погубен

Напатените топџии кои 19 години сонуваат за титула во Премиер лига ја прокоцкаа долгата лидерска предност и сега со натпревар помалку се втори зад Манчестер Сити со кој имаат ист број на бодови. Некој тоа го прогнозирал, промашувајќи само еден гол кој секако не менува ништо.

Луди двојници на Нејмар и Мбапе направија циркус во вежбална

Што сè нема по светов. Двајца млади ликови кои фасцинантно личат на суперѕвездите на ПСЖ, се облекле во опрема на парискиот клуб, оној што го глуми Нејмар па ставил и долгнавеста капа ко него и влегуваат во една париска вежбална. Полна теретана млад свет кој вежба а овие двајца вадат тазе топли пици и им даваат на сите. На крај на главниот инструктор му прекипе па ги фати за уши.

Какво дете има Јувентус во својата школа

Младинците на Јувентус се пласираа во финалето на Купот на Италија за Серија Ц и подолните дивизии после победата над Фоџа на пенали. Претходно младите бјанконери во регуларните 90 минути го стигнале резултатот 2-1 од првиот меч. Двата гола ги дал 17-годишниот холандски стопер Дин Хујсен. Уште на рана возраст е висок 195 сантиметри а пред Јувентус играл во Малага. Роден е 2005-та во Амстердам и никогаш не играл за Ајакс.

Епска снимка од мечот Манчестер Јунајтед - Барселона со Марадона

Во пресрет на вечерашниот мега-дуел од 1/16 финале на Лига Европа, се потсеќаме на едно култно четвртфинале на Куп на Куп победници на 7 март 1984-та, кога Барселона пред повеќе од 80.000 гледачи го пречекува Манчестер Јунајтед. После две недели на реваншот Брајан Робсон прави чудо.

Како помина жестокото дерби Арсенал - Сити?

Англискиот првак Манчестер Сити го совлада Арсенал на гости 1-3 среде „Емирати“ и со освоени три бода но и меч повеќе се искачи на првото место. Ова дерби беше заостанат дуел од 12. коло во Премиер лига па се играше синоќа.

Фантастичен дуел меѓу Јокиќ и Дончиќ

Денвер Нагетс во дербито на вечерта го совладаа Далас Маверикс 118:109 а мечот го одбележија сјајните Лука и Никола. Денвер убедливо е прв на Западот и ја забележа третата победа во серија.

Извонредна интервенција на Кобел кој му спречи еврогол на Енцо Фенандез

Еден од протагонистите на светскиот првак Аргентина, можеше да блесне уште на првиот меч во ЛШ за Челси откако направи трансфер од Бенфика вреден 120 милиони. Фантастичен удар на 22 годишниот играч од среден ред и уште подобра одбрана на голманот на Борусија.

Фасцинантна и многу моќна кореографија на навивачите на Борусија Дортмунд

Кога навивачите на Борусија Дортмунд ќе извадат кореографија, тоа е секогаш спектакуларно и уникатно. Блеснаа против Челси, а потоа ја загрмија „You will never walk alone“. Клип од прекрасната атмосфера на Сигнал Идуна Парк си направи и газдата на Челси, Американецот Тод Боли.