Новак Ѓоковиќ успешно со две победи го започна Мастерсот во Рим каде фаќа залет за се она што ќе го очекува сезонава. Паузата меѓу натпреварите Новак ја искористи за да даде интервју за реномираниот Кориере дела сера во кое отворено зборува за се што го снашло во тешкиот период.
„Јас не сум антиваксер и никогаш не сум рекол дека сум против вакцините. Јас сум за право на избор, ја бранам слободата на избор. Сметам дека сите треба да имаат право на избор, слобода за тоа што да вбризгуваат во своето тело. Тоа го објаснив и во интервјуто за БиБиСи по враќањето од Австралија, но тогаш фалеа многу мои зборови од интеврјуто. Поради тоа, од тогаш никогаш не зборев на оваа тема.
Судијата во Австралија ја прифати мојата жалба, но министерот за имиграција, кој има моќ да депортира кого сака без причина, ме исфрли. А не прекршив ниедно правило. Влегов во Австралија со сите неопходни документи средени, како што препозна и самиот судија на првиот процес.
Во Австралија нè чуваа во место како затвор, не можев да го отворам прозорот. Останав помалку од една седмица, но таму сретнав многу млади луѓе кои беа затворени баш долго. Мојот случај помогна сите тие да бидат ослобдени и тоа е она што ми дава утеха. Млад Сириец беше таму девет години, а сега е во САД. Кога ќе се вратам ова лето во САД се надевам дека ќе го сретнам на Ју-Ес Опен, изградив однос со него.
Бев ставен во средина, издвоен како „персона нон грата“. Бев осамен и се почувствував како овца опкружена од 20 волци. Човек сам не може ништо против големите медиуми, но се тоа брзо го заборавив. Фокусиран сум само на позитивните работи, прележав Ковид и по вторпат и секогаш ги почитував правилата. Се откажав од два настапи на Ју-Ес Опен за да останам доследен на себе, потоа се вратив во Австралија и победив. Сепак, тоа не го избриша целосно разочарувањето, останав разочаран од многу медиуми и од многу колеги. Кога ви го вртат грбот, тогаш го гледате нивното вистинско лице. Многу играчи ја свртеа главата, а исто така и одредени организатори на турнирите“, заклучи Ѓоковиќ.