Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Алкалоид ќе ги спонзорира таеквондистите на патот до Олимписките игри 2024

Со финансиски средства и останати логистички ресурси на овој ентитет во текот на 2023/24 година, Алкалоид ја официјализираше новата соработка како генерален спонзор на Македонската таеквондо федерација.

Јака соло акција на младиот Адејеми низ цел терен за победа на Борусија

21 годишниот Карим Адејеми кој минатото лето ја засили Борусија од Салцбург, постигна гол кој ќе се врти на компилациите на УЕФА. Челси на реваншот ќе стартува со негатива од 1:0, а Клуб Бриж ќе има многу потешка работа, бидејќи загуби дома од Бенфика со 0:2.

Првиот клип со 1 милион прегледи е од тренинг на Роналдињо

Кога играше во топ форма беше најјак во свет, ама не остана долго време на врвот. Штета, инаку кој знае уште што ќе направеше за Јутјуб. Одиме со еден јак исторски момент поврзан со него и социјалната мрежа која го промени светот.

Човечки гест на Ѓоковиќ на улица во Нови Сад

Кралот на Австралија опен за време на прошетка со Јелена во Нови Сад, го испочитува трудот на еден уличен свирач.

Михајловиќ постхумно одликуван со орден од Вучиќ

Легендарниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ е одликуван со орден на свечена церемонија на денот на независноста на Србија.

Грми новиот болид на Мерцедес за 2023

Култниот Ф1 тим Мерцедес го претстави официјално својот нов болид за новата сезона. Се вика W14 и ќе треба да гори асфалт во големите битки со Ферари и Ред Бул. На презентацијата беа и главните пилоти на тимот, Луис Хамилтон и Џорџ Расел, како и резервниот адут Мик Шумахер.

А царот што ги собрал сите двојници на Меси, Ибрахимовиќ, Салах и други

Профилот 433 посветен на фудбалските настани, решил да ги собере сите ликови кои ептен многу личат на познатите фудбалски ѕвезди. Од разни страни во светот ги донел на едно место.

Како изгледаат листите со ваучерите од АМС за 2023?

Петта година по ред Агенцијата за млади и спорт им дели финансиска помош на македонските федерации, клубови и индивидуални спортисти. Ама стално има некои нејаснотии околу доделувањето. На пример врз кој критериум ќе земе пари Ренова која лани се повлече од прва лига?

Клуб Бриж со крајно интересна најава на мечот со Бенфика

Откако ПСЖ - Баерн (0:1) и Милан - Тотенхем (1:0) го отворија осминафиналето на Лига на шампиони, вечерва во истата фаза ќе продолжат Клуб Бриж - Бенфика и Борусија Дортмунд - Челси. Белгијците снимиле прејака најава за дуелот меѓу „фармерите“ од Бриж и „орлите“ од Лисабон.

Рамос се однесуваше како битанга со фоторепортерите

Фрустриран од поразот од Баерн Минхен среде Париз, стоперот Серхио Рамос после мечот пред трибината каде стојат најверните навивачи на ПСЖ, насилно туркаше репортери кои само си ја вршеа работата за која се тука.

16-годишно дете играше за ПСЖ со Баерн и стана најмлад во историја на ЛШ

На мега дербито ПСЖ - Баерн Минхен во 1/8 финале од Лига на шампиони од старт за Парижаните заигра 16-годишниот Ворен Заир-Емери и официјално стана најмлад во нокаут фаза на Лига на шампиони со 16 години и 343 дена.

Рекорден ќар од карти за Милан и Италија

По пауза од 9 години, Милан се радува на кам бек со победа во нокаут фаза во ЛШ, со која остварија на чизмата до сега невидени бројки во пари.

Видовте ли што им направи младото бекче на Гнабри и Горецка?

ПСЖ годинава не е за фалење. Веќе претрпе 5 порази, а цела 2022-ра ја заврши со вкупно 4. Од Баерн имаа и помалку посед на топка и помалку шанси. Најдобрата ја пропушти Меси после извонредниот дриблинг и додавање на 20 годишниот Нуно Мендес, кој понижи двајца.

Прв триумф на Милан во нокаут фаза после 9 години, Баерн го освои Париз

Во прекрасна вечер во осминафинале од Лига на шампиони, на „Сан Сиро“ Милан го совлада Тотенхем и покажа дека излегол од длабоката криза, а Спарс по дебаклот од Лестер претрпеа уште еден пораз. Во Париз, Баерн со идентичен резултат како во финалето на ЛШ 2020 го совладаа ПСЖ. Ист беше и стрелецот.

Задолжителнa посета за секој фудбалски фанатик пред да умре

Го видовте ли домот на Ривер Плејт и селекцијата на Аргентина откако е реновиран? Ќе те маѓепса без разлика за кој клуб навиваш. Колку моќни трибини се ова. Славниот Ел Монументал во Буенос Аирес стана најголем стадион во Јужна Америка со рекордни 83.196 навивачи.

Мамиќ во Скопје кога дојде беше жива атракција

Шерифот од Максимир, на Градски беше за мечот Вардар - Динамо Загреб. На полувреме од средбата не го оставија да дише.

Се начекале руски и украински фудбалери во ист хотел во Турција

Скоро сите европски екипи зимските подготовки ги поминуваат во прекрасните Анталија и Аланија на турското крајбрежје. Таму деновиве се нашле и рускиот клуб Шиник од Јарослав и украинскиот Минај од Узгород (Закарпатска област). Прво не сакале да се сретнат едни со други, но поради зафатеноста на хотелите во Анталија поради неодамнешните земјотреси во Турција, немало друг избор.

Пандев: Делио Роси ми рече да се откажам од репрезентација бидејќи секогаш бевме петти, но за мене таа e светост

„Искрено, да се вратам 10 или 15 години наназад, не би инвестирал во првиот тим, туку само во помладите категории. Првата лига е црнило и катастрофа. Немате помош од Федерацијата, никаков маркетинг, цените на играчите се смешни. Федерацијата потпишува договор за ТВ права, а клубовите не добиваат ништо. Ама ќе се бориме и ќе ги чекаме вистинските луѓе“.

Фудбалер од Гана со хит од Шабан Шаулиќ

Дваесет и осум годишниот фудбалер Обенг Реган кој доаѓа од Гана и кој во кариерата повеќе од 10 години игра во Хрватска (Интер Запрешиќ, Истра) и Србија (Напредок Крушевац, Чукарички, Младост Лучани, Панчево и сега Нови Сад), направил шоу на промоција во новиот клуб РФК Нови Сад. Како што е редот во секој клуб на светот, нов фудбалер на запознавање пее некоја песна пред соиграчите.

Баш смешни инсерти од НБА

Шекил О’Нил извади уште една колекција будалаштини од НБА лигата во неговиот „Шектин а Фул“. На листата овојпат се Кајл Кузма кој се облекол ко цреп, Лук Корне со неговата смешна одбрана, Руди Гобер и Едвардс.

А гол на годината може ли да биде од тренинг?

Навивачите на Бенфика, а и други, не можат да го изнагледаат голот на стоперот Николас Отаменди, на тренинг пред меч од 1/8 финале во Лига на шампиони меѓу Клуб Бриж и Бенфика.

Падна и официјално најбрзиот гол во историјата во Италија

На меч меѓу Маѕарезе и Ниса во рамки на сицилијанската регионална лига, Џоакино Џардина го постигна најбрзиот гол во историјата на италијанскиот фудбал и ќе влезе во Гинисова книга на рекорди. Од самиот центар на игралиштето, Џардиано постигнал гол за 3,81 секунди.

Лаутаро Мартинез во 95-та, несмасен и неспретен

Иако има уште 16 кола до крај, сепак не е нереално да се каже дека Скудетото му се насмевнува на Елиф Елмас. Интер одигра само 0:0 против претпоследнопласираната Сампдорија и сега разликата со Наполи изнесува 15 бода. Напаѓач кој игра за светскиот првак, оваа топка треба да ја забие во гол. Тој ја промаши, падна и направи фаул во напад.

Се венчаа среде натпревар на Далас Маверикс, пред публика, пред играчи

Од спортските арени во САД веќе ретко што изненадува. Сме виделе секакви видови камери за навивачи, брачни понуди на натпреварите, маскоти кои прават циркус, но венчавка на меч од НБА дефинитивно се гледа за првпат.