Един Џеко - јунакот кој го почна ураганот на Интер

Интер со голема победа на условно гостински терен над Милан практично ја чекираше визата за големото финале на Лига на шампиони. За играч на мечот беше прогласен Хенрик Михтарјан а наградата еднакво ја заслужи и Един Џеко.

На 37 години капитенот на Босна и Херцеговина стана втор на вечната листа највозрасни стрелци на гол во нокаут фаза на Лига на шампиони.

Пред него е само Рајан Гигс. Велшанецот во 2011-та година стрелаше против Шалке и стана највозрасен фудбалер кој постигнал гол во нокаут фаза на ЛШ.

Синоќа веднаш по Џеко гол даде Михтарјан за тотален транс меѓу навивачите на Интер и студен туш за росонерите. Ерменецот е исто ветеран со 34 години но во моментов игра во сјајна форма и има идеална шанса да го освои најголемиот европски трофеј ако влезат во големото финале.

Џеко и Михтарјан беа творци на ураганскиот старт на Интер.

Интер по четврти пат сезонава го совлада Милан, нешто што не се случило уште од 1995-та година. Нераѕурите ги растурија соседите на стартот во Серија А (3:2), после во јануарскиот Суперкуп на Италија (3:0) и во февруарскиот меч од вториот круг на Серија А со 1:0, и сега во првиот полуфинален дуел од Лига на шампиони.

Интер има гол разлика 6:0 против Милан во 2023-та.

Интересно, блеска и одбраната на Интер која на средина од сезоната не беше доволно воиграна. Сега голманот Андре Онана нема примено гол на дури 7 меча од 11 во Лига на шампиони. Тоа е личен но и нов клупски рекорд во Лига на шампиони. Дури ни со Жозе Мурињо немаа толку стабилна одбрана.

На 37 натпревари сезонава, камерунскиот голман кој дојде како слободен играч од Ајакс минатото лето, прими само 18 гола и се испостави како сјајна инвестиција на нераѕурите. Претходно Бразилецот Жулио Сезар во легендарната сезона со триплета на Мурињо и Пандев, во 2009/2019 имал шест меча од 13 без примен гол во Лига на шампиони, така што Онана сега го урна тој рекорд.

За да стане апсолутен рекордер и да урне некои претходни рекорди Онана ќе мора на евентуалните следни два натпревари ако Интер се пласира во финалето, да не прими гол. Така ќе ги престигне Себастијано Роси (Милан 1993/1994), Сантијаго Кањизарес (Валенсија, 2000/2001), Кејлор Навас (Реал Мадрид, 2015/2016) и Едуар Менди (Челси 2020/2021) - сите со по 9 меча без примен гол во една сезона од Лига на шампиони.

Нераѕурите станаа само четврта екипа во историјата на полуфиналните дуели која водела 2:0 после само 11 минути. Такво нешто му тргна на Јувентус против Манчестер Јунајтед во 1999-та, на Јунајтед против Арсенал 10 години подоцна и на Сити против Реал пред една година.

Но во два од овие три случаи, екипите кои брзо примаа голови на крај се пласираа понатаму. Но за такво нешто на Милан ќе му треба чудо, особенно во ситуација кога уште го нема нивниот најдобар играч Леао и без повредениот Исмаел Бенасер. Реваншот е за шест дена.

Моќна партија на Интер кој се доближи до финалето во Истанбул

Навивачите и кореографијата - единствена светла точка на Милан

Новак растури италијански за тв каналот на Милан

11 мај 2023 - 10:11