Навивачите и кореографијата - единствена светла точка на Милан

Интер го совлада Милан со 0-2 на номинално гостински терен и практично со една нога е во големото финале на Лига на шампиони. Актуелниот шампион на Италија ја одигра можеби најслабата средба сезонава и во клучниот дел од истата падна во форма. Единствено што држат форма се навивачите кои неуморно ги креваат најубавите кореографии во Лига на шампиони.

Тифозите на Интер исто имаа кореографија, опкружена со црвено-црните бои на домаќините од сите страни:

Сезонава Интер дури три пати го совлада Милан и има вкупна гол разлика од 6:0 во меѓусебните средби. Реваншот е за една недела.

Моќна партија на Интер кој се доближи до финалето во Истанбул

Новак растури италијански за тв каналот на Милан

11 мај 2023 - 09:52