Биографијата на Саша Везенков, кој има грчко, кипарско и бугарско државјанство е необична. Тој е роден во 1995-та година во Никозија на Кипар. Син е на Сашо Везенков, долгогодишен извршен директор на софискиот кошаркарски клуб Лукоил Академик. Нивното семејство води потекло од дебарското село Тресонче од каде се сели во Бугарија.
На неколку историски архивски страници стои дека неговите предци биле дел од востаничките револуционерни организации во околина на дебарско Тресонче.
Интересно Везенков почнал професионално да се занимава со кошарка во грчката лига за Арис од Солун и во 2011-та одиграл 10 натпревари со по 2,5 минути во просек на паркет.
Во јули 2015-та година крилниот центар кој може да покрива позиции 2, 3 и 4, потпиша богат договор со Барселона вреден 2 милиони евра, а Каталонците на неговиот поранешен клуб Арис му платиле обештетување од 315.000 евра.
На крајот од јуни 2017-та излезе на НБА драфтот и беше избран од Бруклин Нетс како 57-ми пик. Подоцна, во 2021-ва правата на него ги полагаше Кливленд Кавалирс кој подоцна ги размени со Сакраменто Кингс за други играчи во замена.
Претходно, во 2018-та станува дел од Олимпијакос каде во првите две сезони добива мало играчко време, а веќе од 2020/2021 заслужено имаше по 23,3 минути по натпревар и набрзо стана водечки играч и прв стрелец.
It’s proving to be an outstanding personal season for @Olympiacos_BC man Sasha Vezenkov as he claims the Alphonso Ford EuroLeague Top Scorer Trophy for the 2022-23 season 🏆 #EveryGameMatters pic.twitter.com/PtFxJQ8GPh
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 12, 2023
Везенков во меѓувреме од почеток на кариерата ги поминува сите возрасни категории во бугарската репрезентација и на крајот дебитира за сениорите на Бугарија со која играше на две Европски првенства.
Луѓето од овој НБА клуб беа и на неколку натпревари од полуфиналната серија меѓу Олимпијакос и Фенербахче каде Везенков играше топло-ладно поради ситната повреда која што ја влече неколку недели.
Грчкиот трофеен гигант успеа да го скрши отпорот на турскиот ривал и со 3-2 во серијата се пласираше на големиот Фајнал Фор во Каунас каде прво во полуфинале против изненадувањето Монако ќе се обиде да влезе во финале каде евентуално би ги чекал победникот од шпанското Ел класико Реал - Барселона.