Голот на Јувентус во 97-ма минута за експлозија на трибините

Тежок натпревар одиграа Јувентус и Севиља во првото полуфинале на Лига Европа и на крај коректни 1-1 пред реваншот во Андалузија следната недела. Бјанконерите беа во негатива цел меч, буквално до последните секунди кога Пол Погба со прва асистенција на сезоната му намести на стоперот Гати ултра важен гол со кој Јуве сега ќе почне со 0-0 во Севиља.

Во второто полуфинале, Рома со 1-0 го совлада Баер Леверкузен со гол на младиот Едоардо Бове во 62’ миута. Жозе Мурињо како учител го победи Чаби Алонсо како ученик.

Интересно, Јувентус ја спаси серијата без пораз на домашни натпревари во Лига Европа која сега достигна до 15 меча (7 победи и 8 нерешени) уште од 2009-та година. Севиља и Јувентус меѓу себе играле пет пати: во Торино ова е втор нереш

На „Рамон Санчез Писхуан“ во 2015-та Севиљците победија а во 2016-та загубија. Сите овие дуели беа во Лига на шампиони.

12 мај 2023 - 09:37