Во 1987-ма година кога Наполи го освои своето прво шампионско скудето во клупската историја, некои духовити навивачи, на централните градски гробишта Поџореале закачиле парола со натпис: „Не знаат што пропуштаат“. Слична парола на исто место закачиле и сега, по незапаметените прослави ширум градот каде деноноќно се славеше заслужената шампионска титула.