Драстични казни во Белорусија за местење натпревари

Голема афера го тресе белорускиот фудбал, чија лига можеби не е прав претставник на некој елитен фудбал, но сепак праќа одличен пример како валканите игри треба да се избркаат на клоци од секое првенство.

Фудбалската федерација на Белорусија после масовна истрага и испитувања во соработка со тамошните власти реши да му ја одземе шампионската титула на минатогодишниот првак Шахтјор Солигорск кој освои пехар за сезоната 2021/2022.

Се испоставило дека договорен, наместен бил натпреварот на Шахтор Солигорск против Белшина кој завршил 4:1 и кој на домаќинот му овозможил трета шампионска титула по ред.

Притоа Шахтјор Солигорск е казнет со 30 бодови од актуелната сезона, а следната 2023/2024 ќе ја почне со -20 поени за да се комплетира бодовната суспензија. Клубот ќе треба да уплати околу 375.000 белоруски рубљи (135.000 евра) како парична казна.

На Шахјтор Солигорск му е одземено и правото да игра во Европа, а еден куп фудбалери и судии добиле индивидуални суспензии во времетраење од 5 месеци па се до 6 години.

Наместо Шахтјор, местото во еврокуповите кое УЕФА им го гарантира, го добива попознатиот БАТЕ Борисов.

Казнет е и клубот Енергетик-БГУ: одземена вицешампионска титула за сезона 2021/2022. Казна со 74.000 белоруски рубљи, одземени 20 бодови од актуелната сезона и одземени -10 бодови од старт  на следната 2024-та.

Клубот Белшина е казнет со 74.000 белоруски рубљи, со одземени 10 бода од актуелната сезона 2023 и со -5 бода ќе ја почнат следната 2024.

Според овие одлуки на Комитетот за Контрола и Етика во белорускиот фудбал, вака сега ќе изгледа подиумот за сезоната 2021/2022: 1. Бате Борисов, 2. Динамо Минск и 3. ФК Ислоч.

Во моментов после 7 кола од новата сезона во Белорусија, Динамо Минск е прв со 18 бода, БАТЕ Борисов е втор, а казнетиот Шахтор Солигорск е 4-ти со 13 бода но се уште не му се пресметани одземените 20 на почеток на новава сезона.

12 мај 2023 - 13:23