
Интересно, младиот Фаџоли кој веќе добива повик и за Италија на Манчини, лани играше како позајмен играч во Кремонезе чии младински школи ги поминал на времето, па не го прослави голот против поранешниот тим.
„Кога дадов гол, тргнав да се радувам бидејќи одамна немав дадено погодок, но потоа ми текна дека дадов гол против Кремонезе и престанав да се радувам. По крајот на мечот, ги поздравив гостинските фанови, имав фантастична сезона со нив минатата година“, изјави Фаџоли.