Еврогол во шпанска трета лига, од клубот на Унаи Емери
Реал Унион е клубче од трета шпанска лига кое своите натпревари ги игра на малото стадионче „Гал“ кое собира околу 5.000 гледачи. Претседател на клубот е Унаи Емери, трофејниот тренер кој во моментов со голем успех ја води Астон Вила. На мечот кој Реал Унион го добил 2-0 против Атлетико Балеарес и со три бода избегал од зоната за испаѓање, Ален Ојарзун постигнал чудесен гол.