Голем скандал се случи на фудбалскиот натпревар меѓу пионерите на Милано Старс и Будуќност кој беше прекинат поради тепачка.
Тренерот на Милано го нападнал главниот судија со образложение дека му дал црвен картон на голманот, а од варварскиот чин има видео кое го објави Спортал.рс.
Мечот бил прекинат во 70-та минута по што судијата повикал полиција.
„Поради честите поплаки и пцовки, на голманот на Милано Старс му покажав жолт, а потоа и црвен картон. Потоа на терен влезе нивниот тренер Аца Миланов и внесен во лице ме праша зошто му дава црвен? Потоа добив удари во глава и во нос. Веднаш го прекинав натпревар и чекав да се појави полицијата и да направи записник“, вели нападнатиот судија Петар Пантелиќ
Станува збор за Лига на млади пионери во која настапуваат фудбалери родени во 2009 година.
Од Фудбалскиот сојуз на Србија сè уште нема официјално соопштение за овој настан.