Пред самиот крај на првенството жолто-црните од Атина избегаа три бода откако Панатинаикос без речиси сите првотимци минатото коло изгуби од Олимпијакос, и АЕК го искористи тоа па во последното коло со 4-0 го совладаа Волос за нова шампионска титула, 13-та во клупската историја, а втора во последните пет години.
Навивачите на АЕК Атина ги купиле сите карти за овој натпревар на кој се славела шампионската титула, а после мечот славјето се пренело и на улиците близу ултра модерниот нов стадион „Аја Софија“ во атинското предградие Нова Филаделфија.
Тренер на АЕК е Аргентинецот Матијас Алмеида, некогашен фудбалер на Лацио и Интер.
L'AEK Athènes a été sacrée champion de Grèce pour la 13ᵉ fois de son histoire, hier soir, après sa victoire contre Volos #Original21 #ultras #aekfc #O21 #aek #Neafiladelfia #agiasofia #pyroshow #aekfamily (13/05/23) pic.twitter.com/e3pc575lPf
— 1899 Mode Ultrà (@ultras1899_) May 15, 2023