Бостон Селтикс славеше 112:88 против Филаделфија и се пласираше во големото конференциско финале на Истокот.
Тејтум во шестиот, претходен натпревар со Филаделфија Севентисиксерс одигра бледо и имаше шут од игра само 5/21. После критиките, Тејтум се врати во својот препознатлив ритам и на решавачкиот седми натпревар уфрли страшни 51 поен (17/28 од игра, 6/10 за три) со 13 скока и 5 асистенции.
Ова е и нов рекорд на 7-ми натпревар од плејоф во НБА, еден играч да постигне дури 51 поен. Претходно Стеф Кари го држеше рекордот со 50 поени против Сакраменто Кингс.
Џејсон Тејтум до рекордот стигна за речиси 43 минути на паркетот.
Jayson Tatum checks out of a HISTORIC Game 7 👏
— NBA (@NBA) May 14, 2023
51 PTS (most ever in a Game 7)
13 REB
5 AST
6 3PM#PLAYOFFMODE in full effect. pic.twitter.com/rLLIgpjiao
Лидерот на Селтикс стана воедно и само четврти кошаркар во долгата и богата историја на Бостон кој дал најмалку 40 поени и имал најмалку 10 скока во седми плејоф натпревар. Пред него тоа им тргнало од рака на Лери Бирд, Џон Хавличек и Пол Пирс.
Тејтум имаше голема поддршка и од Џејлен Браун кој уфрли 25 поени и 6 скока а Малколм Брогдон додаде 12. Кај Филаделфија најефикасен стрелец беше Тобајас Хери со 19 поени а Тајрис Макси запиаш 17. Катастрофални беа новиот МВП во регуларен дел од НБА, Жоел Ембид со 5/18 кој мечот го заврши со само 15 поени и 8 скока. Џејмс Харден беше уште поочаен со шут од игра 3/11.
Селтикс сега ги чека многу сериозен предизвик во Мајами Хит кој влезе во многу добар ритам по убедливите триумфи над ривалите во плејофот. Првиот дуел од серијата е во ноќта меѓу среда и четврток во 2:30 часот по Средноевропско време.