Offside

Леброн Џејмс во една прилика изјави дека најдобриот европски играч во НБА историјата е Дражен Петровиќ. И 32 години по неговата смрт, тој е неисцрпна кошаркарска тема.

10 секунди убавина од фудбал во Чиле

И тоа пазете изгуглавме да провериме и ова да ти било прва, а не петта лига. Нубленсе и Унион Ла Калера се викаат екипите. Ќе ја дупнеа топката за малце. Резултатот нормално, 0:0 на крај.

Си немал работа навивачов па фатил да го имитира линискиот судија

Две години изолации, карантини, пандемии, сојеви, не се гледај со овој, не оди на стадион. Ќе ти ибам животот, сега ќе видите вие како ќе си играм на стадион.

Змија прекина меч во Гватемала, па ја бркаа со полиција

Сме виделе куче, маче, птица, крава (ова кај нас) и уште некои животни обично на четири нозе, ама не и змија. Голема и језива некако, играчите се упрпаа за момент, ама еден куп полицајци и обезбедување влетаа и се справија со нејзе за кратко време.

Кам бек на Кристијан Ериксен по 8 месеци и тоа на својот роденден

Човекот на кој му висеше животот на конец и на кој многумина му прогнозираа крај на кариерата, повторно игра фудбал. Поубав ден не можеше да одбере. Точно на денот кога полни 30 години.

Секоја недела „до 50 шанси за 100.000 денари“

Минималната уплата на тикет е 20 денари, додека на еден тикет може да се одиграат и до 50 натпревари, со минимален коефициент од 1,30.

Во Македонија да не смее човек црвен картон да додели

Борец против КЛ7 Свети Николе, натпревар од кадетска лига, според снимкава обезбедуван од само еден полицаец. Тренерот на гостите Мики Панев е многу напнат. Го пцуеше судијата, доби црвен за тоа, па пак го пцуеше и на крај 2% не го рецкаше полицаецот на трибина и си збореше на мобилен. Мечот заврши во 36-та минута.

Ги видовте ли двете луди полувремиња на Атлетико и Баерн?

Можеби ги игравте на спортска или можеви ги рипнавте на спортска, па сега се каете откако видовте колку голови паднаа. Како и да е, имаме понеделнички спортски преглед на две меча кој не е за испуштање.

Потегов на Мегваер во одбрана не проаѓа ни на турнир во Мирковци

Што виде Манчестер Јунајтед во овој човек за да го плати 80 милиони фунти и да го направи најскап дефанзивец во историјата на фудбалот? Милион киксови откако дојде на Олд Трафорд. Душа му извади овој од Саутемптон, а потоа и Твитерџиите. Очаен дефанзивен потег.

Правичен суд но и едно важно прашање: Како недозволена супстанца стигнала до младата Русинка?

Тројца судии од Арбитражниот суд за спорт од Лозана допатуваа во Пекинг и таму по опсежно чешлање документи, решија да ѝ дозволат на сјајната лизгачка во уметничко лизгање да продолжи со Олимписките Игри. Но се поставува прашањето кој каде ја утнал работата која емотивно го растрои младото девојче кое остана без освоеното злато во тимско учество.

Навивачот на Шалке кој стави три пива на глава и танцуваше

Мухамед Мухамед е познат бегалец во Германија, навивач на Шалке. Тој одвреме-навреме на трибините во германската втора Бундеслига носи големи кригли пиво на глава, ги забавува присутните и така сака да го сврти вниманието на јавноста кон проблемот за бегалците. Шалке водеше на полувреме 0-1 но на крај изгуби 2-1. Дарко Чурлинов влезе во игра во 61’ минута.

Му криеле дека жена му се пораѓа додека освојувал Супербоул

Филмска приказна од најголемиот спортски настан во Соединетите Американски Држави.

Македонска поддршка во Парма за Пандев

Се сеќавате ли на големиот банер „Гранде Пандев“ со слика од легендата во дрес на македонската репрезентација? Епа викендов беше закачен на Енио Тардини.

Одигран најголемиот спортски настан во САД - планетата ја виде титулата на Лос Анџелес Рамс

Во 56. издание на Супербоул, Лос Анџелес Рамс ги совладаа Синсинати Бенгалс 23:20 и така стигнаа до својот втор трофеј Ломбарди во својата клупска историја. На улиците на Лос Анџелес големи прослави на титулата која Ремс ја освоија со одбрана во последниот напад.

До толку беше глуп и аматерски автоголов, што и судијата не го призна

Ако земеме да вадиме од архива што сè сме објавувале на тема романски фудбал, кој знае кај ќе ни биде крајот. Посебни се за бисери, а на последниот, голманот беше многу јак со потегот, а судијата уште појак од него.

Жестока изјава на тренер за младата Русинка - Жулин фрли дрвја и камења по WADA

Откако Меѓународниот арбитражен суд за спорт (CAS) од Лозана прати свој тим во Пекинг да го разгледува случајот и да донесе одлука за 15-годишната Камила Валиева, на крајот одлучија дека таа е чиста и дека може да продолжи со натпреварите на Зимските Олимписки Игри.

Русинката доби дозвола да остане и учествува на Олимписките Игри

Камила Валиева, 15-годишна руска уметничка лизгачка која даде шарм на Зимските Олимписки Игри 2022, пред веста дека во декември лани имала позитивен тест во Русија да ја шокира светската јавност, сега е чиста да продолжи да се натпреварува на ЗОИ2022.

Дојди ми еден на еден да ти го свртам паметот

Луис Синистера е 22 годишен Колумбиец кој четврта сезона игра за Феенорд. Нејќеш да го чуваш сам. Ќе те зборат во маало.

Да видиш Кварезма како се справува со тие што задржуваат време

Ветеранот Кварежма на 38 години игра во Виторија Сетубал во родната Португалија. Добро им оди, на шесто место се и сериозно конкурираат за Европа. Рикардо е капитен и игра одлично, ама лесно знае да изгуби нерви како на времето кога играше ширум Европа. Сега еден противнички фудбалер Алфонсо Соуса од Белененшеш глумеше во судиското продолжение за да задржи време ама Кварежма му покажа што е рецепт за тоа.

Луда акробација на Милик, вредна 3 бода за Марсеј

По Малиновски од Аталанта, налетавме на уште еден мајсторски гол на џокер, а тоа е оној на Милик. Само 6 минути откако Пољакот влезе во игра, го реши Мец во 82-ра минута со убавина од погодок, печен за најавни шпици во Франција.

Ремек дело на Малиновски против Јуве, кандидат за гол на сезоната во Серија А

Во ситуација и кога ги немаат стандардните Иличиќ и Ѕапата, Аталанта секогаш знае да извади силно оружје. Овој пат тоа беше Украинецот Руслан Малиновски кој влезе како џокер во второ и му испука бомба на Јувентус, кој се спаси од пораз во судиско.

Ново шоу на Лука Дончиќ - броеше до 45

Словенечкиот репрезентативец и европски шампион, одново имаше луда партија откако постигна скоро половина од поените на неговиот Далас во поразот од ЛА Клиперс на домашен терен 99:97. Лука немаше сили на 0,6 секунди пед крајот кога промаши шут за победа. Постигна 45 поени со 15 скока и 8 асистенции.

Ѕверска банана на Јокиќ во последна секунда за победа на Денвер

Никола Јокиќ по којзнае кој пат сезонава му донесе победа на својот Денвер. Овојпат против Торонто Репторс. Нагетси славеа 110:109 во меч кој имаше многу неизвесна завршница. Јокиќ даде 28 поени со 15 скока и 6 асистенции. Во последна секунда имаше снажна блокада за триумф на Денвер кој сега има учинок 31-25.

Хандановиќ му одбрани чист гол на Елмас

Со головите на Инсиње и Џеко, Наполи и Интер ремизираа во Серија А, резултат од кој може да профитира Милан, кој ако ја победи Сампдорија ќе биде прв. Топ шанса за 2:1 имаше Елиф Елмас во 69-та минута, но Хандановиќ излезе како победник во дуелот еден на еден.