- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савиќевиќ, бил приведен во саботата вечер во Херцег Нови поради неколку сообраќајни прекршоци, соопштува CG Sport.
- Според црногорските медиуми, Савиќевиќ возел брзо, претекнувал на полна линија, а потоа одбил алкотест.
- Полицијата го привела и пред судија за прекршоци добил парична казна, по што бил ослободен.
- На 21-ви август како генерална проба пред почетокот на Европското првенство 2025, од 20:00 часот во Белградска арена ќе се игра пријателска средба меѓу Србија и Словенија.
- На натпреварот би требало да се појават и двете големи НБА ѕвезди Никола Јокиќ и Лука Дончиќ кои во меѓувреме се подготвуваат со своите репрезентации или индивидуално за Европското.
- Цените се од: најевтини од 600 српски динари (300 македонски денари), 700 српски динари (350 македонски денари) 3.000 српски динари (околу 1.500 македонски денари), 4.500 српски динари, 6.000 динари (3.000 македонски денари) па се до најскапите од 16.000 динари, 22.000 и 30.000 динари.
- Белградски Партизан со 0-2 на гости ја совлада екипата на Олександрија од Украина во натпревар од 2. квалификациско коло за Конференциска лига. Натпреварот се играше во Полска, без присуство на гостинска публика како што наложи УЕФА.
- Партизан и Црвена звезда негуваат добри, пријателски односи со руските клубови па секое лето играат пријателски дуели во Москва против Спартак, ЦСКА или во Санкт Петербург со Зенит. Ова им смета на Украинците кои бараа од УЕФА да ги казнат белградските клубови.
- За време на гостувањето на Партизан минатата недела во Полска (неутрален терен), навивачите на Олександрија ги навредувале Србите со навредливи извици „Убиј ги Србите“, а фудбалерите на оваа екипа не се ракувале со младите играчи на Партизан пред мечот во знак на протест.
- Сега реваншот е во четврток од 21 часот во Белград за кога се очекува околу 30.000 навивачи со оглед на тоа што Партизан ја отвора и северната трибина која обично е затворена за европски натпревари зошто во близина е гостинскиот сектор.
- Партизан сезонава игра со рекордно најмлад тим во историјата зошто се соочува со голема финансиска криза.