На Тур де Франс украдени 11 велосипеди

Стартот на овогодинешниот Тур де Франс (од 6-ти јули во неделата во Лил па се до 27-ми јули на Елисејски полиња во Париз) бил одбележан со голема кражба на велосипеди на еден од тимовите учесници.

По првата етапа екипата Cofidis останала без дури 11 велосипеди кои непознати сторители ги украле.

На 5-ти јули стартуваше најголемата и најпозната велосипедска трка на светот. Вечерта после првата етипа, француската екипа Cofidis пријавила дека и фалат 11 велосипеди.

„Во ноќта во саботата кон недела екипата на Cofidis стана жртва на провала. Вратата на кампионот кој ја превезуваше опремата беше провалена и 11 велосипеди Look Cycle беа украдени и покрај мерките за безбедност.

Утрово полицијата стигна во хотелот за да го документира инцидентот и започна истрага. Тимот Cofidis најостро го осудува ова и бара од надлежните органи брза и експресна реакција“, стоело во соопштението на тимот на нивниот сајт.

Вредноста на секој од украдените велосипеди била 13.000 евра. Велосипедистите секако не останале без резервни велосипеди, затоа што секој од нив има по три, така што на втората етапа се возеле резервните велосипеди.

Вечерта во неделата близу хотел во Бонд, каде престојувал тимот на Cofidis нашле 5 од 11 велосипеди. Можно е престапниците да ги оставиле ноќта со надеж дека ќе се вратат подоцна и ќе ги земат.

ВЕЛОСИПЕДИ ОД ТУР ДЕ ФРАНС ПРОНАЈДЕНИ ВО МОСКВА?

На 7-ми јули телеграм каналот Sport Baza рекламирал оглас од познатиот сајт „Авито“ за продажба на два велосипеди кои учествувале на „Тур де Фран“.

А на акаунтот на самиот продавач такви велосипеди имало 6... Точно толку колку што не му вратила полицијата на Cofidis.

Дали се баш тие украдените велосипеди или станува збор за некои сосема други треба да утврдат надлежните служби, но треба да се обрне внимание на неколку работи:

- Цената: Скапоцените тркачки велосипеди во Москва ги продаваат од 479 до 679.000 рубљи (околу 5,2 и 7,3 илјади евра). Продавачот кој ги огласил пишал и дека документи не одат со велосипедите зошто продажбата била неофицијална.

Тој пишал и дека велосипедите се во Москва. На прашање на новинари кои се јавиле на огласот: „Кога може да се видат велосипедите“?, продавачот одговорил дека може да се договорат за утре.

Опис:

Во описот на велосипедите на огласот пишува за исти карактеристики какви што имаат велосипедите на тимот Cofidis.

Дата: Само една објава за некој друг оглас е од 7-ми јули, а сите претходни огласи за конкретните велосипеди се од претходно. Би се рекло дека кражбата во Франција се случила на 5-ти јули така што тоа е еден цврст доказ кој оди во прилог на тезата дека велосипедите огласувачот не ги украл. Но на сајтот „Авито“ можно е да се едитираат огласите, да се смени фотографија и опис на предметот што се продава.

Продавачот бил на сајтот уште од 2012-та година и досега продалповеќе од 500 велосипеди.

Од сајтот „Авито“ одговориле:

„Специјалисти на Авито ја проверија објавата за продажба на велосипеди кои по карактеристики се исти со оние кои учествувале на 'Тур де Франс'. Сите тие се објавени на платформата многу порано од кражбата што му се случила на тимот Cofidis“.

8 јули 2025 - 09:32