Фрустрацијата кога е невозможно да го чуваш брат ти по име Дражен Петровиќ

Леброн Џејмс во една прилика изјави дека најдобриот европски играч во НБА историјата е Дражен Петровиќ. И 32 години по неговата смрт, тој е неисцрпна кошаркарска тема.

Александар Петровиќ е 5 години постар брат од Дражен, со кој заедно ги делеле успесите со Цибона и оние две европски титули по ред 1985-та и 1986-та.

И на двајцата кошаркарскиот пат им се движел во Шибенка, па Цибона, но во Шибенка не се погодиле заедно, бидејќи Ацо почнал да игра 74-та, а Дражен 79-та.

Имале двобој на европски натпревар, кога Ацо го носел дресот на Цибона, а Дражен на Реал.

За неговиот постар брат, тоа била најголемата фрустрација во кариерата. Незапирлив бил и им дал 25 поени по ред, само во последната четвртина. Вкупно 85 на двата меча.

„Првиот пат кога се соочив со Дражен беше кога тој играше во Шибенка, а јас бев со Цибона, но тоа беше на почетокот на неговата кариера.

Најфрустрирачкиот момент што некогаш го доживеав беше кога Дражен се пресели во Реал Мадрид, а јас штотуку се вратив во Цибона по една година во Скаволини. Се сретнавме на два натпревари, во полуфиналето од Купот на победниците на Куповите, и го замолив тренерот да ми дозволи да го чувам.

Дражен ме уништи. Тој нè уништи сите нас во двата натпревари на шокантен начин, со 38 поени во Загреб и 47 во Мадрид. Во второ полувреме шутираше речиси 80% од поле, а во последна четвртина постигна 25 поени по ред, без промашување.

Фрустрацијата беше апсолутна, бидејќи Дражен можеше да ве скрши на толку многу начини. Со неговите напади, шутеви за три поени, лажни додавања...Те тераше да се гризеш поради начинот на кој стигнуваше до линијата за слободни фрлања.

Имаше брилијантен арсенал од офанзивни оружја кои направија да се чувствувам целосно беспомошен. Неговата леснотија во постигнувањето поени едноставно ме совлада.

Дали имаше некакви братски муабети сред игра? Од него до мене, не. Се обидов да му дофрлам некои работи за да му влезам во главата, но тоа не го допираше.

Никогаш во мојот живот не сум се чувствувал толку фрустриран како во тие два натпревари против Мадрид.“

8 јули 2025 - 15:11