- Најтрофејниот европски кошаркарски клуб Реал Мадрид потпишал 2-годишен договор со сјајниот француски плејмејкер Тео Маледон. Трансферот го потврди и неговиот досегашен клуб АСВЕЛ. Освен за АСВЕЛ Французинот малку играше и во НБА за Оклахома Сити Тандер, Шарлот Хорнетс и Феникс Санс. Сезонава беше еден од најдобрите играчи во Евролига.
- Реал Мадрид пред неколку дена назначи и нов тренер - на клупата после цели 23 години повторно седнува шпанскиот селектор Серџо Скарило кој го водеше Реал Мадрид од 1999 до 2002-ра.
- Скариоло најави дека Евробаскетот 2025 ќе му биде последен голем настан со репрезентацијата на Шпанија со која освои неверојатни 5 злата! Светско првенство 2019, Евробаскет 2009, Евробаскет 2011, Евробаскет 2015 и Евробаскет 2022, 1 сребро (Олимписки Игри 2012 Лондон) и 2 бронзи (Олимписки Игри 2016 Рио и Евробаскет 2017).
- Летово од Реал Мадрид си отидоа: Џанан Муса (Дубаи), Серж Ибака (35 години), Ели Ндијае (21), Уго Гонзалес (19), Деклан Дуру (18), Серхио Љуљ (оди во управата). За очекување е уште поголема чистка во екипата и нови играчи.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.