Тара сака да оди само кај Сабаленка на гости

38-годишниот Новак Ѓоковиќ го игра тенисот на својата втора младост. На Вимблдон, неговиот омилен турнир, стигна до четвртфинале каде утре ќе игра против Италијанецот Флавио Коболи (23 години). Ѓоковиќ е супер расположен деновиве на Вимблдон а на прес-конференција раскажал и за неговите деца кои исто уживале на се-англискиот турнир.

Стефан и Тара, синот и ќерката на Новак, го следат Ѓоковиќ на турнирите а најубаво им е на Вимблдон вели трофејниот Ноле.

„Стефан е многу возбуден што е на Вимблдон. Како и на татко му, и нему ова му е омилен турнир. Многу сака да игра... Навистина е право уживање да се игра на Вимблдон, вакви тревнести терени, ваков квалитет не постои никаде на светот. Ова е навистина потполно поинаку, единствено чувство. Имаме можности од таквата инфраструктура, во смисла тренинг клуб, кога е со мене да може да ги види и да биде покрај сите врвни тенисери и тенисерки. Тогаш тоа му е се...“, вели Новак за српските новинари во Лондон.

Тара не е толку вљубена во тенисот како брат и Стефан, но и таа ужива на Вимблдон.

„И на Тара исто која не игра тенис, и неа се и е интересно и следи. Сабаленка и е омилена, само Сабаленка ја интересира, само прашува дали може да оди кај Сабаленка дома, зошто таа имала асаи во фрижидер. Пред некој ден бевме, па ни спремаше и Тара сега само за тоа размислува, не ја интересира вака тенис, само тај асаи ако може да го јаде“...

8 јули 2025 - 12:13