
Четириесет годишниот Кристијано Роналдо ужива на палубата на 27-метри долгата јахта Azimut Grande која вреди 7,4 милиони долари. Произведена во Италија, јахтата има пет раскошни спални и шест неверојатно опремени купатила.
На јахтата има и современа кујна, дневен престој со огромен салон и раскошна трпезариска маса.
Што се однесува до техничките карактеристики, јахтата е способна да развие брзина од 28 чвора благодарение на два мотори од по 1.900 коњски сили, направена е од јаглеродни влакна и тешка е дури 93 тони!