Offside

Сезоната 2026/2027 ќе брои пет шпански претставници во Лига на шампиони. Работата ја заврши Рајо Ваљекано, а најмногу се радува Бетис.

Каков луд пречек за Луис Суарез во Бразил

Ветеранот кој правеше дар-мар во дресовите на Гронинген, Ајакс, Ливерпул и Барселона, па се врати во татковината и со голови му помогна на матичниот Насионал да ја освои шампионската титула, сега отиде во Бразил. Луис Суарез како слободен играч го засили Гремио и потпишал договор до 2024-та.

Промашување на месецот во Премиер лига

Леон Бејли од Астон Вила ќе пукне од мака за завршницата против Вулверхемптон. При резултат 1:1, во последната 94-та минута успеа да го помине голманот, ама и да го промаши цел гол.

Третолигашки голман има да се фали во цело маало за интервенцијава против Барса

Интерсити кој е дел од третата шпанска лига, ја изнамачи Барселона во Купот и успеа да и извади 3:3 во регуларните 90 минути. Голот за осминафинале го даде Ансу Фати во продолженијата, а потегот на мечот го има голманот Гаицка Кампос кој со луда парада му го одбрани шутот на Рафиња за 2:4.

Заедно на уште едно светско: Скопско и РФМ повикуваат да навиваме сложно и сè е можно

„Навиваме сложно и сѐ е можно“ е главната навивачка порака која СКОПСКО ја испрати за поддршка на нашите ракометари, кои повторно ќе заиграат на Светско, овој пат во Шведска и Полска, од 12 до 29 јануари 2023.

Мбапе и Хакими маскирани низ улиците во Њујорк

Двајцата другари и соиграчи од ПСЖ добија слободни денови после поразот од Ленс, бидејќи се вратија брзо на тренинзи и не се одморија после едномесечниот ангажман во Катар. На НБА натпреварот не поминаа без медиумско внимание, ама потоа најдоа начин како да шетаат слободно.

Шпалир во ПСЖ за светскиот првак Меси

По двонеделниот престој во Аргентина каде прво славеше во Буенос Аирес, а потоа одмораше во родниот град Росарио, Лионел Меси им се врати на клупските обврски во Париз. Пречекот му беше шампионски, со шпалир и аплаузи од целиот тим, а спортскиот директор Луис Кампос му подари мал трофеј.

Луксузот во кој ќе престојува Роналдо и промоцијата на стадион

Португалската ѕвезда, освен што ќе добие 500 милиони евра од Арапите за две и пол години договор, му обезбедија и кралски објект вреден 14 милиони евра со три вили, водопат, базен, осум спални, теретана... А на стадион му приредија шоу.

Најинтересните моменти од ракометниот меч на деценијата

Ракометниот спектакл насловен како „Сите ѕвезди“ беше налик Ол стар натпревар меѓу оние кои овој месец ќе играат на Светско и легендите кои го почнаа прекрасниот серијал на настапи на големите натпреварувања. Публиката која ги исполни трибините, имаше можност да ужива во цепелини, пируети и пред сè во шраубата на Ванчо каква што немаше постигнато во кариера.

Лапсус на Роналдо на првиот прес во новиот клуб

„Фудбалот е поразличен, a за мене тоа што дојдов во Јужна Африка не значи крај на кариерата“, рече Роналдо на официјалната промоција на Ал Наср, клуб кој е инаку дел од југозападната азиска држава Саудиска Арабија.

Ракометниот спектакл кулминираше со хитовите на Меморија, Кире и Мартин се фатија за микрофон

По ревијалниот натпревар во скратена форма, 2x20 минути, ракометарите се расположија во друштво на групата Меморија и удрија на песна. Прв запеа Кире Лазаров, а потоа и Мартин Томовски.

Химната силно згрми, а Златко Мојсоски ја продолжи старата традиција

Целиот ракометен крем синоќа се собра на едно место, а химната ја пееја се разбира и двете селекции на Македонија. Златко Мојсоски, кој инаку уште е активен ракометар на 41 година во тимот на РК Бутел, не заборави да намигне.

6.000 луѓе станаа на нозе за ремек делото на Ванчо Димовски

Ревијалниот натпревар на кој преовладуваше релаксиран ракомет со многу забава, го добија младите со 25:21. И покрај неколкуте атракции на двете страни, од кои и неколку неуспешни, никој не можеше со потегот на Ванчо кој го украде шоуто со страшна шрауба од 9 метри.

Уникатно ракометно шоу, „младите“ подобри од „старите“

Скопје беше сведок на спектакуларна ракометна претстава во салата Борис Трајковски која беше исполнета до последно место во чест на легендите. Резултатот оди во втор план.

Спектакуларна најава за ветераните, овации за Кире, Столе, Диви...

Борис Трајковски крца во чест на натпреварот насловен како „Сите ѕвезди“ на кој играат актуелната македонска репрезентација против ветераните, односно легендите кои секој јануари ја држат Македонија во ракометна треска. Ракометарите беа поздравени со аплаузи и овации и добија дресови од првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.

Голема навивачка поддршка за Ѓоковиќ во Австралија

Една година по драмата со укинувањето на визата и депортацијата, Новак Ѓоковиќ е во Австралија каде на турнирот во Аделаида за 75 минути го збриша Французинот Констан Лестјен со 6:3 и 6:2 во сетови. Голем број навивачи, меѓу кои и Срби и Австралијци, со овации го пречекаа кралот на Мелбурн со 9 трофеи и во долги редици чекаа на билетара за да дојдат до карта. Австралија опен стартува на 16 јануари.

Што наслов веќе да им ставаме на ваквите?

Ќе речеш Италијаните само глумат, а не е точно. 200 вакви клипови имаме на сајт произлезени од прва до петта лига во разни земји. Секој со својата театралност, како да е неук и не сфаќа дека 20 камери го снимаат и уште неколку илјади можат да направат видео клип на мобилен. 

Две уморни ѕвезди на ПСЖ од Мундијалот се релаксираа на НБА натпревар

На дуелот меѓу Бруклин Нетс и Сан Антонио Спарс имаше изненадување во публика. Килијан Мбапе и Ашраф Хакими и тоа само ден откако играа редовно коло. На видео бим ги пуштија головите на Французинот од финалето против Аргентина.

Непредвидливоста на Јокиќ под кош

24 поени, 7 скока и 9 асистенции за Никола Јокиќ против Минесота од која Денвер загуби со 124:111. Потегот број 1 на мечот го има Србинот. Тој знае каде се позиционираат неговите. Не треба да гледа.

Со Леброн Џејмс секој цепелин е шоу

Ѕвездата на вечерта во НБА лигата е Донован Мичел со 71 поен, но не може никако да се игнорира и она што го прави неверојатниот Леброн Џејмс на 38 години. Јубилејната 20-та година во НБА ја почна со 43 поени, 11 скока и 6 асистенции и стана само втор играч на 35+ години со постигнати 40+ поени на две средби по ред. Првиот е Мајкл Џордан.

Историја за Кливленд и Донован Мичел кој на Чикаго му даде 71 поен

Лука Дончиќ на истекот на старата година постигна 60 поени, но Доновил Мичел новата ја почна со 71. Тоа се рекордни после оние на Коби Брајант пред 15 години.

Фудбалска треска во Саудиска Арабија, пристигна Роналдо

„Откако ја освои Европа, големата ѕвезда има нова мисија да ја освои Азија“, гласи пораката на Ал Наср кој со две и пол годишна заработка од 500 милиони евра, го направи Португалецот најплатениот играч откако постои фудбалот.

Нишанот на Нуњез е тотално изместен после Мундијалот

Ливерпул загуби 3:1 од Брентфорд со кој го бележи петтиот пораз сезонава кој го остави на шестата позиција во Премиер лигата. На Дарвин Нуњез не му оди, посебно кога треба да реши акција по десната страна. Против Сити шутот барем му личеше на нешто. Овој му е очаен од истата позиција.

Реакцијата на Попович откако Дончиќ му ги помати сметките

Грег Попович најави дека планот пред дуелот Сан Антонио - Далас им е да го задржат Лука Дончиќ под 50 поени. Спарси загубија 126:125, со уште една нова мангупарија на Словенецот од слободни фрлања, кој мечот го заврши со 51 поен, 9 асистенции и 6 скока.

Симпатична пракса на редарите во Ленс

Ленс игра сјајна сезона а доказ за тоа е и убедливиот триумф против ПСЖ 3:1 на стартот на новата година. ПСЖ го доживеа првиот пораз после цели 32 меча во сите турнири. Ленс блескаше пред своите навивачи и сега му се приближи на лидерот на само четири бода разлика. Во неколку моменти од дербито, редари со подвижна мрежа одеа по гостинските фудбалери за да ги заштитат од предмети кои летаа од трибините.