Кариерата на Мбапе му ја води мајка му, му давала по 200 евра и кога заработувал милиони

Се вика Фајза Ламари. Таа во целост ги управува кариерата и животот на син ѝ. Имиџот, реклами, преговори со клубови и хуманитарниот фонд. Таа е директен преговарач со највлијателните луѓе во светот на фудбалот како Флорентино Перез и Насер Ал Хелаифи. Ја нема во медиумите па луѓето кои не ја знаат, често го криват Мбапе дека е себичен, алчен, лаком за пари.

ИГРАЛА РАКОМЕТ, СТУДИРАЛА ПЕДАГОГИЈА И ПОМАГАЛА НА ДЕЦА ОД СИРОМАШНИ СЕМЕЈСТВА

Мајката на Мбапе е родена во 1974-та година во Бонди, познатото предградие на Париз, во семејство мигранти од Алжир. Се доселиле во Бонди кога Алжир бил француска колонија.

Фајза била многу активна уште како млада. На 12-13 години се занимавала со кошарка а потоа се префрлила во ракометот, спорт во кој имала голем успех (доказ дека секој што тренирал кошарка одлично се снаоѓа во ракометот).

Од крајот на ’90-те години до 2001-ва година таа играла за ракометниот клуб Бонди во највисоката лига на Франција.

„Почна од ниски лиги и набрзо стана една од најдобрите ракометарки на Бонди кон крајот на ’90-те години. Фајза имаше харизма. Таа беше еден од лидерите на екипата, неверојатно талентирана и неверојатно жесток играч“, се сеќава поранешниот претседател на женскиот ракометен клуб Бонди, Жан-Луи Кимун кој вели дека Фајза била топ играч и дека живеела близу салата каде екипата тренирала. Таа ден-денес многу следела ракомет.

Поранешните соиграчки од екипата и противничките ја паметат Фајза како доволно воздржан играч која не сака многу да ја закачаат на теренот. Знаела да врати и да ја запаметат тие што би ја задевале на терен.

После средно училиште таа се запишала на колеџот „Жан Зеј“ каде студирала педагогија. А паралелно работела хонорарно во општина како раководител на центарот за рекреација, односно организирала вон-наставни програми за децата ученици. На пример екскурзии и слични патувања.

Познат пријател на Фајза и поранешен фудбалер на клубот Анже, Ален Мбома еднаш раскажал дека благодарение на мајка му на Мбапе дури и најсиромашните дечиња оделе на екскурзија во подалечни места. Така им помагала на децата кои имале потешкотии.

Во среда и преку викенд Фајза тренирала деца во спортските центри во реоните Бланки и Морис-Петижан. Таму се запознала со Камерунецот Вилфрид, иден сопруг на Фајза и татко на Килијан.

„Фајза и Вилфрид ги влечеше спорт, сакаа често и да се мајтапат со другите и имаа цврст карактер. Не е чудно што брзо се споија еден со друг“, раскажува за Л’Екип пријател на семејството.

КИЛИЈАН БИЛ СТРОГО ВОСПИТАН, МАЈКА МУ ПОСТОЈАНО ОДЕЛА ВО ШКОЛО И НАСТОЈУВАЛА ДА БИДЕ ОБРАЗОВАН

„Јас и Вилфрид бевме строги со Килијан. Јас сакав тој да се запише на париската бизнис школа НЕЦ. Кога го воспитував не знаев дека ќе стане фудбалер. Сакав да созрее како маж. Секогаш му говоревме дека треба да истрае до крај каков пат и да одбере. Секогаш многу баравме од него. А јас не сакам да губам, ни татко му исто“, се сеќава Фајза.

Учителите од детството на Килијан Мбапе паметат дека тој владее со многу високо ниво на интелегенција, дека размислува многу побрзо од врсниците. Но тоа му сметало. Му било досадно на часовите и повеќе сакал да игра Уно или Монопол.

„Со родителите на Килијан имаме преубави сеќавања. Бевме мудри да му дозволиме да не биде целосно вклучен во сите лекции, туку да го добие најнеопходното знаење, се сеќава Јаник Сент Обер, директор на школото во Бонди каде учел Килијан и автор на книгата „Феноменот Мбапе“.

Фајза буквално секој ден доаѓала во школо, чекала во аголот сите да се разотидат и го прашувала директорот како му оди на Килијан. „Доаѓаше кај мене и разговаравме како поминал денот на син ѝ“. 

Во петто одделение Фајза му дала дневник за однесување на Мбапе. Секој час наставникот морал да го означи во табелите „одлично“, „добро“ или „лошо“.

Кога бил немирен строго го казнувале а понекогаш дури и нестандардно. Еднаш се потсмевал за јакна на врсник. Кога дознала мајка му за ова, од плакарот му ги извадила сите стари искинати фармерки кои биле во мода пред 20 години и патики со дупки. Мбапе вака одел на школо цела недела, за да го гледаат сите.

„Со попустливи родители, тој не би бил таму каде што е сега“, вели директорот на школото каде што учел Килијан, Сент Оберт и додава:

„Килијан учеше со Жонатан Иконе (шпицот на Фиорентина). Жонатан немаше толку строги родители и силно семејство иако неговите капацитети не се нималку послаби од оние на Килијан. Но родителите на Килијан го оформија неговиот живот без да му ја ограничат слободата“.

Фајза не ја гледала иднината на Килијан Мбапе без креативно образование. Затоа го запишала и во музичко школо во Бонди каде поминал пет години од 8 до 13.

„Стекна почетно музичко образование, учеше да ги свири ударните инструменти, потоа на пеење а учеше и да свири на флејта. Пееше на утрински матинеа, учествуваше во претстави за најмладите, раскажуваше бајки за деца од 3-6 години во библиотеката во Бонди. Имаше добро чувство за публика. Беше сериозен, педантен, концентриран“, се сеќава Мари Делбек, директорка на музичкиот конзерваториум во Бонди.

После две години почетно музичко образование, Мбапе се решил за флејта. „Тој тон од тој инструмент ги привлекува малите деца. Има појасен, прозрачен звук“, вели Франсуаза Доко која што го водела Килијан во светот на флејтата три години.

ФАЈЗА РАЗГОВАРАЛА СО ТРЕНЕРИ ДУРИ И КОГА КИЛИЈАН ВЛЕГОЛ ВО НАЈДОБРАТА АКАДЕМИЈА ВО ФРАНЦИЈА

Фудбалот сепак бил најголема љубов на Мбапе уште од детството, па затоа и мајка му била вклучена во темата.

„Она знае за фудбал повеќе од многу мажи. Кога игравме ние често стоеше од страна и ни дофрлаше. Понекогаш ја слушавме и повеќе од Вилфред. А после натпреварите ми викаше: „Треба да работиш на тоа и тоа“, се сеќава Фабрис Н’Сакала кој во Бодни играл со татко му на Мбапе а после направил кариера во Лига 1 и во Турција.

Фајза често ги посетувала натпреварите на Мбапе и разговарала со тренерите со цел син и да се развива во права насока.

„Знаеше да ги постави работите така за Килијан да биде задоволен од играта и да покаже најдобро од себе. Таа настојуваше тренерите да му дадат поголема слобода“, вели Н’Сакала.

Во шесто одделение Мбапе кажал дека сака да го напушти школото за да стане фудбалер. А веќе две години подоцна стигнал до Клерфонтен, најдобрата академија во цела Франција. Таму се калат најдобрите фудбалски бисери од цела земја.

Дури и кога пред син и се отвориле многу поголеми хоризонти и поголеми перспективи, Фајза не сакала да слушне да се напушти школото и книгата.

„Го земавме (од Клерфонтен) за викенди за да го надомести пропуштеното од математика, англиски и француски јазик, три предмети кои ги одржувавме во живот“, вели мајка му Фајза за Paris Match.Кога прешол во академијата на големиот Монако, на Килијан Мбапе според договорот му следувал бонус од 400.000 евра. Во клубот имале сериозен пристап кон образованието: клубот има наставници на платен список а часовите се одржувале на стадионот „Луи II“.

ВО МОНАКО МАЈКА МУ ГО ВОЗЕЛА НА ТРЕНИНЗИ И МУ ВИКАЛА САМ ДА СИ ГИ ЧИСТИ КОПАЧКИТЕ

Во 2013-та година кога Килијан Мбапе имал 14 години, дошол во фудбалската академија на Монако. Две години подоцна веќе бил спремен за прв тим. И тука дошол на барање на мајка му која ги гледала најдобрите варијанти за синот но и која и тука не го пуштала од раце. Таа дознала дека копачките му ги чисти кабинерот па нервозна му покажала како се чистат копачки за да ја сочува врската со реалноста и да не се занесе многу.

„Мора да им оддадеме признание на мајка му и татко му за вредностите што ги всадиле во Килијан. Тие и натаму продолжуваат да го едуцираат, да го држат на земја за да не полета премногу“, пишува во книгата „Феноменот Мбапе“ ден од најблиските пријатели на семејството.

Фајза често го возела Килијан на тренинг во Монако зошто тој уште немал возачка ниту како првотимец во екипата.

„Килијан само што дојде од Европско првенство У-18 или нешто така. Тогаш и доби сè, го префрлија во прв тим. Но доаѓаше со мајка му зошто немаше возачка дозвола. Дечките му се смееа за тоа, но уште тогаш можеше да се забележи дека он е друго ниво, леташе по теренот“, вели тогашниот фудбалер на Монако Гидо Кариљо.

Килијан Мбапе кој постигна хет-трик во финале на Светско првенство и влезе во вечноста, признал дека дури до 2017-та одел со мајка му на тренинг. Притоа тој постигна за Монако 26 гола на 44 меча, ја доби наградата за најдобар млад играч во Лига 1, освои шампионска титула со тимот од кнежевството и стигна до полуфинале на Лига на шампиони.

И КОГА ИМАЛ МИЛИОНСКИ ДОГОВОР, МАЈКА МУ МУ ДАВАЛА ПО 200 ЕВРА

Во есента 2018-та Football Leaks напишал голем текст за тоа како семејството Мбапе добило многу пари од Монако.

Проблеми настанале при првиот професионален договор на Килијан. Преговорите ги водел татко му на Мбапе (не се зборува за улогата на мајка му) и тој поставил свои услови. Најлудо барање му било во договорот да му гарантираат сигурно играчко време, па од Монако кажале дека тоа правно не може да се изведе.

Клубот прво предложил бонус од 300.000 евра но семејството барало 3 милиони евра. Плата 1 милион евра (без даноци) по сезона. Монако не пожалил. Напротив благодарение на Мбапе клубот ги одигра едни од најдобрите сезони во историјата: освоија титула и стигнаа до полуфинале на ЛШ.

„Долго време за да тој се оформи карактерно нормално од него криевме колку пари заработува според договорот. На 17 години кога стана професионалец во прв тим, му даваа по 200 евра за ситни трошоци иако платата месечна му беше 85.000 евра“, рекла Фајза и додала дека син и не е многу разгален и дека и покрај тоа што на неговата роденденска маса имало лосос, фуа-гра и скапоцени пијалаци, Килијан барал обична секојдневна храна.

Во летото 2017-та Килијан Мбапе, според Football Leaks побарал 16-кратно зголемување на платата и тогаш настана прав фудбалски земјотрес. Килијан барал 8 милиони евра годишно колку што земал и Колумбиецот Радамел Фалкао. Барал клубот да му ги покрива даноците. Тогаш во Монако сфатиле дека не можат да му ги задоволат апетитите и влегле во преговори со Реал Мадрид и потоа со ПСЖ.

ДОГОВОРИТЕ СО ПАРИЗ

Со ПСЖ преговорите исто не биле лесно иако парискиот клуб под шеиците не жали пари за најдобрите играчи. Според Football Leaks Мбапе и татко му (за мајка му пак не се пишувало ништо) барале дополнителни опции: автоматско зголемување на плата до 30 милиони евра во случај да добие Златна топка за најдобар на светот, 400.000 евра чисти во случај на шампионска титула во Лига 1, 50 часови летање со приватниот клупски авион годишно.

Татко му на Мбапе барал и дозвола да може да доаѓа на тренинзите на ПСЖ и да организира индивидуални тренинзи за син му под надзор на клубот. И последно барање: да платат реконструкција на стадионот „Бонди“ поранешниот клуб на Вилфред и Килијан.

Килијан добил 5-годишен договор во ПСЖ вреден 50 милиони евра чисти плус бонуси од 5 милиони евра.

Мајка му еднаш искрено и отворено зборувала дека за пари во прво време не им дошло толку. „Во тек на три години (по преминот во ПСЖ) ние не зборувавме за пари. Имавме синдром на сиромашни. Јас се плашев дека ќе ме разбудат насилно и ќе кажат: „Давај ги парите!“

Нам изгледа ни одеше од рака што имавме пари, но тоа не е цел сама по себе. Иако е убаво да не ги броите парите и да можете да ги споделите со семејството и пријателите. Но Килијан не игра фудбал за пари, инаку немаше да постигне сè што постигна“.

Во ретки интервјуа таа ретко зборува на тема пари,  но сето тоа се сведува на фактот дека парите не се главна нивна преокупација како што се мисли. „предноста да имаш пари е во тоа што правиш избори што не се диктирани од пари“, рекла еднаш.

Килијан воопшто не троши многу пари, ниту пак некогаш носи картички со него.

И Фајза не сакала Мбапе да биде арогантен поради парите.

„Килијан е фудбалер. Тој не ја измисли вакцината против беснило, не е Пјер“.

Килијан е многу близок со мајка му, таа дури и му купува облека и му ги проценува девојките. Уште од детство бил многу близок со мајка му. Таа му кажувала како да се шиша (сакал на времето како Зизу но мајка му не му дозволила).

„И раскажувам сè дури и за моите девојки. Она се знае. Она ми е другар. Имаме ист вкус. Таа ми фотографира облека и ми праќа. Често купува без да ме праша и не греши. Имаме права врска“, рекол Мбапе во интервју за Paris Match пред Светското првенство 2018-та кога стана светски шампион со Франција.

Тој вели дека со татко му зборува само за фудбал, а со мајка му за се. На гостувања тој на слушалки слуша музика од француските пејачи од ’80-те години кои ги слуша и мајка му.

Таа му забранила да рекламира брза храна и обложувалници. Мбапе поради тоа имаше конфликт со репрезентацијата, односно со федерацијата кога одбил да учествува во спонзорски договори затоа што не сакал да рекламира кладилници, казина ни брза храна. Весникот Ле Паризиен пишал дека фудбалерот не сака да биде асоциран со производи кои ствараат завист а игрите на среќа ги сметал опасни за младите навивачи.

10 јули 2023 - 12:55