Offside

Некогаш овој клуб беше еден од бројните клубови од данската Суперлига, а денес е синоним за развој на големи таленти во светскиот фудбал. Додека европските великани трошат десетици и стотици милиони евра на засилувања, Нордсјеланд изградил модел кој им носи огромен профит а секоја година имаат нова спремна генерација.

Француското чудо од дете сам си асистираше забивање

Одамна е познато дека првото место на НБА драфтот летово ќе биде резервирано за 19-годишниот француски кошаркар со африканско потекло Виктор Вембанјама. Тој е роден во јануари 2004-та во Нантер, а по истоимениот клуб играше уште и за АСВЕЛ. Од јули 2022 е во Метрополитанс 92 кој игра во најдобрата француска лига.

Асистенција на годината - од аут

Сигурно многу сте слушале или читале за тоа колку се важни аутите во фудбалот. Можат да направат многу сериозни шанси во напад, а многу клубови најмуваат специјални тренери кои работат само на изведување аути со играчите. Еден бек на иранскиот клуб Ештеглал за малку ќе ја имаше најјаката асистенција некогаш видена.

Мајсторијата на Милинковиќ со која го сруши рекордот на Пандев во Лацио

14 години беа потребни некој да ја симне нашата легенда од тронот на Лацио по број на голови во конкуренција на странски фудбалери.

И Франција има свој Кварацхелија

Репрезентацијата на Грузија е она што беше македонската репрезентација со еуфоријата пред Европско првенство. Грузијците се убедливо први во нашата група во Лига на нации со 16 бода и ќе играат во баражот за пласман на Евро 2024. Покрај големиот хит од Наполи Квича Кварацхелија кој им носи скудето, во францускиот второлигаш Мец игра и неговиот сонародник Георги Микаутадзе кој веќе има 15 гола сезонава и е прв стрелец во Лига 2.

Милан го одигра мечот на сезоната и го демолираше Наполи

Фудбалерите на актуелниот италијански шампион Милан го згромија Наполи на гости пред преполни трибини со 0:4. Ова беше најдобар меч на Милан сезонава, а двата тима ќе се судрат и во 1/4 финале на Лига на шампиони неделава.

Расправијата меѓу Малдини и Спалети

Милан со студена вода ги олади загреаните Наполитанци кои веќе почнаа да спремаат прослава на скудето. Росонерите со 0:4 на гостински терен, на преполниот „Диего Армандо Марадона“, го размонтираа домашниот состав. После мечот Лучано Спалети го прашал шпицот Леао зошто толку претерано го славел голот, а Малдини застанал во одбрана на својот играч со прашање: „Мистер, веќе осоивте скудето, што сакате сега?“

Ова лудило во Белград, го нема ни во НБА

20.041 гледачи против Барселона, 20.068 против Реал Мадрид што е апсолутен рекорд во Евролигата. Ако некој сака да ја доживее најјаката атмосфера на кошаркарски натпревари, нека оди на Партизан.

Мурињо во одбрана на Станковиќ за време на навредите на Олимпико

Рома ја совлада Сампдорија со 3:0 и остана во мртва трка за место во ЛШ, за разлика од гостите кои се повеќе се движат накај втора лига. Навивачите на Рома го навредуваа Станковиќ и му скандираа zingaro (циган), но Мурињо кој му беше тренер на Деки во Интер, се обидуваше да ги смири.

Во Египет смислија нов начин за навивачка критика

Во последното коло од групната фаза во африканската Лига на шампиони, египетски Замалек со 4-3 едвај го победил Ал Мерих од Судан. Гостите од 2-0 во еден момент направиле комплетен пресврт 2-3, а во тие моменти домашните навивачи смислиле идеален начин како да изразат незадоволство од играта.

Лукаку и ти ли одбележа априлили?

Првиот ден од април или денот на шегата не беше баш најзабавен за Ромелу Лукаку. Белгиецот кој пред неколку дена постигна хет-трик против Шведска на гости, денес промаши неверојатна шанса сам пред гол. Интер на крајот изгуби 0-1 од Фиорентина и во последните четири меча нераѕурите имаат три порази и една нерешена.

Чешки атлетичар распнат зошто изнел став за руски и белоруски спортисти

Давид Свобода е чешки атлетичар кој во 2012-та година на Олимписки Игри освоил златен медал во петобој. Сега во Чешка Република го ставиле на столб на срамот затоа што кажал свое мислење за колегите од Русија и Белорусија.

Пеп знае да те насмее и кога примаш гол

Во дербито на 29. коло од англиската Премиер лига Манчестер Сити со 4-1 го разби Ливерпул. Црвените први поведоа преку Салах, но актуелниот првак направи целосен пресврт со головите на Алварез, Де Брујне, Гундоан и Грилиш. При израмнувачкиот гол Пеп Гвардиола скокаше од радост пред Цимикас и Артур кои се загреваа, па ги насмеа.

Смешен голмански кикс на дербито Баерн - Борусија Д.

Под водство на новиот тренер, врвниот стратег Томас Тухел, Баерн Минхен конечно заигра како треба сезонава. Во дербито со најголемиот ривал за титулата и досегашен лидер на табелата Борусија Дортмунд, Баварците водеа 3-0 после само 23 минути игра, а веќе после 72' минута беше 4-1. Голеадата ја отвори гостинскиот голман Грегор Кобел со чуден кикс. Кобел инаку брани одлично цела сезона но денес киксираше.

Жељко Обрадовиќ доби македонски дрес па имаше духовит коментар

Белградски Партизан го победи Реал Мадрид со 104:90 и пред повеќе од 20.000 гледачи го потврди пласманот во Топ8 од Евролига. После мечот македонски новинар му подари на најтрофејниот европски тренер дрес од Македонија со негово презиме, на што Обрадовиќ се пошегува со бојата која алудира на неговиот најголем ривал Црвена звезда.

Две години од светското чудо во Дуизбург кога ја урнавме Германија

Македонската фудбалска репрезентација на 31 март 2021-та година, среде Дуизбург го совлада повеќекратниот европски и светски шампион Германија и ја шокираше светската јавност.

Добро де дечки, само за жена ја побарав

Лос Анџелес Доџерс, еден од најтофените клубови во најдобрата бејзбол лига, МЛБ во САД пред своите гледачи ја совлада Аризона Дајмондбекс со 8-2. Во еден момент од мечот, на паузата, навивач на ЛА Доџерс се шмугнал на терен и со прстен во рака клекнува да ја побара својата девојка за жена. Ама не побарал дозвола од клубот па го удри торнадо.

Две жестоки хокеарски тепачки во НХЛ

Нова голема тепачка избила на мечот меѓу Сенатор и Филаделфија во американската НХЛ хокеарска лига. Прво во клинч влегле Алекс Бедринкет и Џоел Фараби (првиот после дал победнички гол во продолженија), а после се фатиле Николас Делорие и Марк Кастелиќ. Судиите, како што е редот и правилникот во НХЛ, ги оставиле да се тепаат до одредени граници.

Една чудна одбрана на ракометен пенал

Шпанскиот клуб Гранољерс игра одлична сезона и е втор зад Барселона во шпанската лига, а добро им оди и во европската лига на ЕХФ каде го совладаа дански Скандерборг во Архус 25:30. На овој меч голманот на шпанскиот состав, Бразилецот Ранхел имаше неверојатна одбрана на пенал кога топката ја скроти „жива“.

Од играње на замрзнато вештачко езеро Скопје стигнал до домаќин на Светско во хокеј

Скопје стана најјужниот домаќин на едно СП во хокеј на мраз. Сето тоа беше мало чудо, оти за 10 години се стигна од играње на замрзнато вештачко езеро и по езерца во паркот во Скопје, до организација на СП. Го следеле 70 новинари.

Девојките од Љуботен кои со четири Бразилки играат во ЛШ

22 дами, четири Бразилки, една Србинка, актуелни шампиони на Македонија, учесници во Лига на шампиони. ЖФК Љуботен е меѓу 12-те македонски екипи во прва лига кои со дух, слога и хемија стигнуваат до успеси.

Се носат нови строги правила, нема веќе голмански глупирања на гол

Дојде ред и на голманите. После долго време и тие директно ќе бидат инволвирани со новите правила кои наскоро ќе бидат воведени во фудбалскиот свет. При пенали веќе нема да имаат слобода како досега со глупирање психолошки да ги иритираат изведувачите.