НБА со нов циркус - турнир среде сезона

Откако долго време се шпекулираше, конечно стигна потврда. НБА ќе ја реализира идејата со која сака да ја зголеми популарноста на лигата.

Управата на НБА лигата решила да организира турнир кој ќе се игра среде сезона, со завршен турнир кој ќе се игра во Лас Вегас од 7. до 9. декември и на кој ќе се појават осум тимови. Наградниот фонд за победникот изнесува по 500.000 долари за секој играч во победничкиот состав!

На стартот од регуларната, традиционална НБА сезона, ќе се оформат шест групи со по пет тимови.

Во одредени денови во првите шест недели од новата сезона секоја екипа ќе одигра четири меча во својата група и тие натпревари ќе си важат и за регуларниот дел од сезоната. Ова значи дека се ќе се игра нормално како и до сега, регуларни, нормални кола со тоа што победите и поразите на тие нагласени натпревари од турнирот ќе се сметаат и за турнирот и за сезоната.

Сите пет екипи од секоја група макар четири пати ќе играат едни против други, два пати дома и и два пати на гости. Победниците на сите шест групи и два тима кои ќе добијат специјални покани ќе се пласираат на споменатиот завршен турнир во Лас Вегас каде ќе се игра нокаут фаза до крајот.

Поради овој турнир ќе има и промени во распоредот со цел сите екипи на крај да одиграат точно по 82 меча во сезоната. Оние тимови кои нема да обезбедат учество на завршниот турнир (вкупно 22 франшизи) ќе одиграат плус две дополнителни средби а со цел да се израмнат по бројот на одиграни натпревари со оние кои ќе играат во Лас Вегас (помалку чудна одлука).

Завршниот турнир во Лас Вегас од 7-ми до 9-ти декември е планиран за тогаш поради тоа што овој период НБА го проценила како најмалку привлечен и интересен за гледачите.

Највисоките играчи кои играле во НБА

6 јули 2023 - 15:30