Offside

Некогаш овој клуб беше еден од бројните клубови од данската Суперлига, а денес е синоним за развој на големи таленти во светскиот фудбал. Додека европските великани трошат десетици и стотици милиони евра на засилувања, Нордсјеланд изградил модел кој им носи огромен профит а секоја година имаат нова спремна генерација.

Првоаприлската шега на Сити Парк Бојс се наоѓа пред општина Центар

Раководствата се менуваат и само ветувањата остануваат за КК Работнички дека ќе добие нова сала. На навивачите им е преку дур и им оставија штосна и иронична порака во пресрет на утрешниот дуел против Чаир.

Кој голман најмногу ја вадел топката од мрежа по голови на Меси?

Аргентинскиот ас, капитен кој ги предводеше гаучосите до толку сонувата светска титула, на пријателскиот меч против Панама на 23-ти март постигна прекрасен гол од слободен удар во 89’ минута за победа од 2-0. После тоа Лионел даде хет-трик за полувреме против слабиот Курасао и стигна до бројката од 803 гола во кариера!

Да ти е ќејф да ги видиш најубавите голови од Премиер лига

Премиер важи за најгледана, најбогата и најлуксузна лига на светот. По репрезентативната пауза, конечно се враќа клупскиот фудбал, па така ќе се гледаат и дуели во англиската елита каде сезонава паднаа неколку убавини од голови.

Белгиски фудбалер леташе во сала со 200км на час и остана жив

Поранешниот фудбалер на Киево и Лацио, Софијан Кијен кој моментално игра во Белгија, на вчерашниот датум треба да почне да направи слава.

Кога не си умен ќе јадеш ќотек од Столе

На Твитер се појави ново видео од инцидентот на дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер. Капитенот до толку се налути за време на навивачката пресметка во која летаа на сите страни сè и сешто, што собори еден од Комитите на земја.

Страшен пад на скокалницата Планица

Осумнаесет годишниот словенечки репрезентативец во скијачки скокови, Тај Екарт тешко паднал при тестирање на легендарната словенечка скокалница пред самата завршница на Светскиот Куп кој се одржува викендов.

Шефе, служба е служба, ама Меси е Меси

Аргентина веќе неколку месеци живее во транс по освоеното Светско првенство 2022 во Катар. Светските шампиони каде и да стапнат во својата земја се возвишувани како идоли, а тоа особено важи за Меси кој нема дерман од навивачи каде и да тргне.

Во Неапол почна да мириса на Скудето

Наполитанците не се плашат повеќе да го изговорат зборот „титула“. Фрлете око на градот за да сфатите зошто.

Украинска тенисерка се чуствувала дискриминирано зошто руските тенисери не биле исфрлени

И покрај тоа што атлетите од другите спортови веќе ретко се огласуваат на темата, во тенисот, кој е познат како „бел спорт“ односно синоним на чистина, хистеричниот однос на одредени тенисери и тенисерки и натаму трае.

Од кај ли го извади забивањево?

Предводени од Јанис Антетокумбо, Милвоки Бакс петта година во низа го освојуваат првото место во Централната дивизија во НБА. Го имаат најдобриот биланс сезонава со 54 победи и 21 пораз, а синоќа извадија и страшен забивач, а тоа е Грејсон Ален. Погледнете го овој импресивен и храбар скок со голема пожртвуваност.

Французите ги објавија најплатените играчи и тренери во лигата

Првите 10 места се резервирани за ПСЖ. Мбапе на 24 години се буди секој ден со нови 214.285 евра. Игор Тудор е втор најплатен тренер.

Во чест на Адеми, Динамо Загреб го повлекува бројот 5

Хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб и неговите навивачи му заблагодарија на македонскиот репрезентативец на разни начини на кои не бил испочитуван ниту еден досегашен играч на клубот.

САД ја укинува декларацијата, Ѓоковиќ најверојатно ќе игра на УС Опен

Убави вести стигнуваат за Новак и за другите спортисти кои немаат вакцинален сертификат односно не се вакцинирани поради што долго време не можеа да стапнат на тло во САД, а сега ќе бидат слободни како претходно.

А да им направиме пиротехничко шоу на децава?

Австрија Салцбург е третолигаш, формиран во 2005-та од навивачи на оригиналниот Салцбург откако беше преименуван во Ред Бул Салцбург од страна на новите газди. Погледнете го изненадувањето кое им го направија на најмалите во клубот.

Нејмар изгубил 1 милион евра на покер за два часа, па се клештеше

Разгалената фудбалска ѕвезда повеќе е вон теренот поради повреди отколку што игра во последниве неколку сезони. Дава голови и асистира кога е на зелениот тревник, ама затоа кога е надвор од него се глупира редовно. Сега играл покер, ставил 1 милион евра од шега, ги изгубил и се смее како зелен. Според проценките Бразилецот 1 милион евра во ПСЖ заработува речиси неделно.

Ѓоковиќ скришно му даде 100 евра на дете, ама со причина

Новак Ѓоковиќ како и често пати, беше да ја бодри Црвена Ѕвезда во живо на мечот против Валенсија од Евролигата кој белграѓани го добија 92:73. Камера го улови како му дава пари на едно од децата кои се сликаа со него.

Елмас не го заборава Работнички

И покрај тоа што стана дел од италијанската елита, а заигра и во најсилното клупско европско натпреварување, Елиф Елмас не заборава каде почнал и ги посети дебармаалци на тренинг.

Акробатска мајсторија за еврогол на Колумбиец против Јапонија

Во целиот свет деновиве се игра репрезентативен фудбал. Од Антарктик преку Австралија до Европа и САД. Во Јапонија, домашната селекција ја пречека Колумбија и поведе после само две минути игра преку Митома. Колумбијцте израмнија преку Дуран во 33-та минута а во 61’ Рафаел Боре, шпицот на Ајнтрахт Франкфурт го постигна голот на месецот.

Филмска измама во мак фудбалот веројатно незабележана на друго место на планетава

Газета дело Спорт, Скајспорт, БиБиСи, Марка и сè што е друго познато во светски рамки како медиум кој се занимава со спорт, нека повели насловна страна за денес. Во историја немаат напишано ваква вест.

Македонски фудбалер станал јунак со соиграчи во Србија

Мартин Мирчевски (26) кој настапува за второпласираниот тим во српската Суперлига, ТСЦ, со неговите соигрчаи Антониќ, Чалушиќ, Филиповиќ и Ѓаковац се враќале од тренинг и возеле по магистралниот пат Суботица - Бачка Топола кога виделе страшен верижен судир предизвикан од песочна бура.

Пас на Рикелме без гледање, на 44 години

Хуан Роман Рикелме во своето време, пред неколку години важеше за еден од најдобрите волшебници со топка. Неговиот префинет стил на игра го донесе дури до Барселона, но правиот мајсторлук го покажа во Виљареал, клуб кој го доведе дури до полуфинале на Лига на шампиони.

Чкембари: Оваа ракометна сезона за нас е завршена

Еурофарм Пелистер не застана зад своите навивачи после инцидентите на дербито во Скопје, туку напротив ги осуди со остар речник. Чкембари им одговорија со бојкот.

И Мартин Одегард не помина баш добро пред гол

Норвешка не успеа да ја совлада Грузија на гости и одигра само 1:1 во квалификациите за ЕП. Домашниот голман се истакна со неколку јаки интервенции, а најголемата утка на мечот ја имаше фудбалерот на Арсенал кој место да ја искине мрежата, во публика ја прати топката.

Да видиш Шкотите што славење удрија

Во вториот меч од нивната квалификациска група за Евро 2024, Шкотска со 2-0 ја победи Шпанија и ја оствари можеби најголемата победа во последните децении. Шкотите сега се први во група со 6 бода, пред Шпанците кои имаат 3. Во оваа група се уште и Норвешка, Грузија и Кипар. Во Глазгов синоќа големо и заслужено славје по триумфот со двата гола на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминеј.