Формата на Халанд беше спектакуларна речиси од моментот кога пристигна во англискиот фудбал. 52 гола на сите натпреварувања во неговата прва сезона се доказ за тоа.
На тимот како целина, сепак му требаше малку повеќе време за да стигне до целосен успех. Кога го направија тоа, резултатите беа повеќе во согласност со она што тој го очекуваше од Сити за време на ерата на Гвардиола.
Помеѓу поразот од Тотенхем на почетокот на февруари и безмислениот пораз од Брентфорд кон крајот на мај, Сити имаше 20 победи и 5 нерешени, серија без пораз што ги формираше темелите на нивниот пат до тројната круна.
Но, како Гвардиола ја развиваше својата тактика во текот на сезоната и кои беа клучните елементи зад неверојатниот успех?. Постојат пет области од интерес на експертите, почнувајќи со можеби најфасцинантното од сите: подемот на играчот од средниот ред Џон Стоунс.
НОВАТА ГРАДБА
Традиционално, во составот на Сити во првата третина се двајцата централни бекови од бековската четворка, а голманот Едерсон игра централна улога. Квалитетот на Едерсон со топка, значи дека тој е силно вклучен, но поставеноста пред него се промени.
Претходно, како и двајцата достапни централни бекови, голманот имаше можност да игра со единствениот пивот на тимот, обично Родри. Сега првата линија на напад пред Едерсон е составена од тројца играчи: еден централен бек, главно Рубен Диас и двајца надвор од него, кои се или централни или бекови. Обично беа двајца од Мануел Аканџи, Нејтан Аке и Кајл Вокер.
Клучната разлика е вклучувањето на втор централен играч за врска во втората линија, а тоа е Џон Стоунс. Со оглед на тоа што Стоунс работи на иста линија како Родри, противникот е принуден да ангажира повеќе играчи во централниот канал, што создава повеќе простор за играчите да примаат топка и да возат напред.
Структурата 3-2 во градењето често се повторуваше во последната третина, каде што еден од 10-те, обично Гундоган и Де Брујн, напредува како поддршка за Халанд.
Тоа би оставило напаѓачка линија од тројца, бројот 10, плус двајцата широки напаѓачи, често Џек Грилиш и Бернандо Силва зад нив.
Противниците обично во таква ситуација чуваат зонски или одат човек за човек. Ако се решат за зонски, Сити е особено прецизен и агресивен кога просторот се отвора позади. Ако тоа биде човек за човек, има простор меѓу линиите кои ги користат интелигентните 10-ти на Сити.
Сето горенаведено, исто така му овозможи на Сити да игра подиректно, оружје што не е вообичаено за тимовите на Гвардиола, да ги надмине спротивставените притисоци во својата половина и да напаѓа со значителен број.
ПОСЕД НАСПРОТИВ ПРОГРЕС
И покрај високото техничко ниво на целиот тим, потпирањето на Сити на кратка пас игра, не секогаш функционираше во нивна корист. Високо организираните противничките пресинзи работеа на намалување на просторот и времето на топката, што предизвика проблеми дури и на играчите со квалитет на Сити. Како резултат на тоа, поседот на топка не секогаш им водеше до прогрес.
Меѓутоа со Халанд во тимот, Гвардиола имаше реална опција за директна топка во првата линија. Противниците кои претходно користеа ефикасен висок пресинг против Сити, сега мораа два пати да размислат дали ќе го направат тоа повторно против напаѓачот кој има способност да ги штити долгите додавања.
Резултатот од ова е што Сити продолжуваше да игра со посед во срцето на нивното градење на акциите. Квалитетот на Едерсон и оние пред него со топка, заедно со играчите од нападот, му дадоа на тимот поголема способност да се прилагоди на секоја ситуација со која се соочуваат.
ЕРЛИНГ ХАЛАНД
Невозможно е прецизно да се анализира развојот во тимот на Гвардиола, без да се фокусира конкретно на влијаниаето на нивната 9-ка. Но Гвардиола го разви својот тим за целосно да го искористи неговиот потенцијал.
Како што беше објаснето, ако напредокот е тежок во услови на добар противнички пресинг, Халанд е способен да прима секакви директни топки со грбот кон голот. Тоа им овозможува на неговите соиграчи да напредуваат и да го искористат просторот создаден од дефанзивци кои се приморани да одат на Халанд.
Норвежанецот со постојани трчања ги напаѓаше местата во шеснаесетникот каде што топката можеше да падне, често завршувајќи со прв допир.
Влијанието на Халанд не е ограничено во фазата на посед. Интензивниот притисок на тимот на целиот терен беше возможен благодарение на неговата способност да одржува високо темпо од првата линија. Но тој исто така има тактична интелигенција да знае каде да го насочи притисокот и како да ги искористи предностите. Неговата комбинација на темпо, моќ и завршница често се покажуваше фатална за опколените противници.
ДРУГИ ОПАСНОСТИ
Сити долго време можеше да се потпре на висококвалитетно изведување со помош на Де Брујн, Гундоган и Марез, кои се стручни за ситуации со мртва топка. Халанд не само што му даде дополнителна закана на тимот да ја напаѓа првата топка, туку да ги искористи и вторите топки и скоковите. Додека Рубен Диас, Мануел Аканџи, Нејтан Аке и Џон Стоунс нудат височина и физичка подготвеност.
Резултатот е тоа што Сити сега може да се потпре на директни вкрстувања и испораки во шеснаесетникот многу повеќе отколку што обично тоа го правеле тимовите на Гвардиола.
ВОН ПОСЕД
Во изминатава сезона, одбранбената организација на Сити се префрли во потрадиционална форма 4-4-2. Од нивната адаптирана формација 3-2-4-1 во посед, еден од двајцата пивоти се спушташе во одбранбената линија, додека другиот туркаше нагоре во линијата од средниот ред. Еден од бројот 10 напредуваше за да притисне покрај напаѓачот создавајќи 4-4-2. Релативно тесната линија на средниот ред од четворица, му даде на Сити заштитно централно преоптоварување што ги принуди нивните противници да се поставуваат широко.
Сити ги притискаше своите противници со затворена структура што често ги принудуваше противниците да играат долго. Откако ќе ја освојат топката, фудбалерите на Сити од контра нападт беа ефикасни како и секогаш, со двајца играчи во првата линија добро позиционирани да влезат во транзиција и да го нападнат шеснаесетникот.