Кај овој човек кој стана шампион на НБА и МВП, нема протокол, обезбедување, мода, чуда, врагови. Со шорц и рамбовка како по дома, изникна во Неапол, а расположение му се менува со само едно пиво.
„Здраво Момци, се викам Микеле и сега откако дојдов на себе после возбудата, сакам да ви ја раскажам мојата средба со најдобриот кошаркар во светот.
Пред неколку дена, пријател кој е љубител на коњи ме извести на во недела на 2 јуни, во хиподромот Агнано во Неапол ќе биде Никола Јокиќ, за да ја следи трката на Емили Пан, најмладиот коњ во неговата штала купен пред неколку месеци.
За да се обидам да го импресионирам, истиот ден отидов да купам дрес од Нагетси. Во еден од ретките продавници во градот каде што ги продаваат, има само еден модел од Денвер, од само еден играч, последен број: бројот 15 од Кармело Антони.
Вооружен со трпение и страв бидејќи знаев дека не можем да го намамам со дрес кон не е негов, отидов во хиподромот и штом го видов веднаш му го покажав дресот барајќи автограм. Му се доближив на неколку сантиметри со дресот в раце, но одговорот беше не. Ми рече дека е напнат затоа што наскоро ќе трча неговиот коњ и не сакаше да му го одвлекува вниманието.
За да не го изнервирам се тргнав настрана и чекав да заврши трката. Проблемот е што работата не одеше баш најдобро и кога го видов намуртен како се враќа од својата гаража, помислив дека е време да си заминам.
Овој пат бев подалеку, а со мене имаше уште неколку луѓе кои го снимаа и го сликаа. Се обидов да викнам: „Никола, само автограм, се колнам“, но тој повторно одмавна со прстот и изгледаше многу разочаран од трката.
Решив да заминам, но еден пријател на кој ќе му останам должен засекогаш, ми ја кажа најлудата и најмудрата идеја на денот. Немој да се смееш, те молам.
Отидовме до продавница и купивме две пива Перони. Се вративме кај хиподромот, а Јокиќ и понатаму беше во близина на својот коњ, а другите луѓе речиси сите си заминаа. Му викнав: „Џокер имам подарок за тебе, со Перони во рака. Овој пат ми се насмевна, го крена палецот и ме покани да влезам.
Разговаравме 10 минути и пиевме пиво. Се смееше и беше многу љубезен, ми кажа дека неговиот коњ не оставил добар впечаток, но е оптимист за неговата кариера. Рече дека има уште пет и дека во следните неколку дена ќе ги следи на други трки.
Се колнам дека никогаш не сум видел толку ненадејна промена на расположението од времето кога му го покажав дресот на Денвер и кога се вратив со пивата. Смешно е, знам, но беше неверојатно и уште не ми се верува. Прикачувам фотографии и видеа направени со мојата рака која ми се тресе.
Ах...на крај ми се потпиша на дресот.
Микеме Нунцијата со Перони потег стигна до Никола Јокиќ. Херој.