Каков е стадионот на кој ќе игра Барселона додека „Камп Ноу“ се реновира

Навивачите на Барселона во новата сезона ќе го бодрат својот тим на Олимпискиот стадион „Монжуик“ поради целосното реновирање на нивниот дом „Камп Ноу“. Стадионот „Монжуик“ има капацитет од 54.367 места, Изграден е во далечната 1927-ма година но неколку пати е реновиран низ годините.

Според предвиденото, Барселона би требало да се врати на „Камп Ноу“ не порано од ноември 2024-та до кога ќе трае реконструкцијата на трибините и целокупниот простор околу стадионот.

Стадионот „Монжуик“ е култно олимписко здание и ќе биде интересно да се види како навивачите и фудбалерите ќе се привикнат на новиот привремен дом.

Од клубот соопштија дека веќе работат и на реновирање на некои делови од „Монжуик“ а дека најголеми промени ќе доживеат ВИП ложата, теренот и новинарските простории.

4 јули 2023 - 09:26