Кои играчи до сега отидоа во Саудиска Арабија?

Со денешниот официјализиран договор на Марсело Брозовиќ во Ал Наср вреден 100 милиони евра за 3 години, овој тим стана уште посилен. Лигата на Саудиска Арабија ја засилија шест врвни играчи, а се очекуваат уште нови трансфери.

Саудиска Арабија наскоро ќе има првенство вредно за следење. Во оваа лига ќе играат многу фудбалски ѕвезди кои од Европа решија да продолжат во далечната богата земја.

Список на фудбалери кои до сега летово потпишаа со клубови од С. Арабија:

1. Едуар Менди (Ал Ахли)
2. Оскар Дуарте (Ал Вехда)
3. Калиду Кулибали (Ал Хилал)
4. Рубен Невеш (Ал Хилал)
5. Нголо Канте (Ал Итихад)
6. Марсело Брозовиќ (Ал Наср)
7. Талиска (Ал Наср)
8. Карим Бензема (Ал Итихад)
9. Хорхе Жезус (тренер, Ал Хилал)

Се очекува во следните денови потпис со клуб од Саудиска Арабија да стават и Алексис Санчез, Пјер-Емерик Обамејанг, Вилфред Заха, Јасин Боно, Серхио Рамос и многу други.

На новинарско прашање дали е изненаден со одлуката на Карим Бензема, Нголо Канте и други ѕвезди да дојдат во тамошната лига, Кристијано Роналдо изјавил:

„Не ме изненади, многу сум среќен што гледам дека луѓе ширум светот сега обрнуваат внимание на првенството на Саудиска Арабија. Верувам дека лигата ќе продолжи да се развива и дека многу играчи од европските лиги ќе дојдат овде да играат“.

За тамошниот фудбалски амбиент, Роналдо вели:

„Овде навивачите неверојатно ме прифатија и ме бодреа, а оние кои ме следат го продолжуваат ова неверојатно патување. Секоја лига и земја се различни, многу сум горд што играв во три различни лиги во Европа и во секоја освојував титули. Најголема разлика која што затекнав во Саудиска Арабија очигледно е горештината и прилагодување на распоредот на тренинзи за да тренирам навечер кога е посвежо. Сега веќе се навикнав на тоа“, вели Роналдо.

Наскоро се очекува летово во Саудиска Арабија да дојдат и многу други големи имиња од фудбалската мапа.

3 јули 2023 - 14:42