Алекс по излетот и авантурата во погорна категорија, сега се врати во својата категорија во која дури пет пати беше апсолутен шампион. Во сабота на новиот настан УФЦ 290 го чека повремениот шампион кој „го лапна“ шампионскиот појас во отуство на Волкановски, Јаир Родригез.
Волкановски има 25 победи на 27 ММА борби а двата порази ги претрпе во повисоки категории, надвор од неговата омилена. Во последната борба контроверзно загуби на бодови од Ислам Махачев во февруари годинава.
Во јули минатата година „Волкот“ со едногласна одлука на судиите беше прогласен за победник на борбата со Макс Холовеј за одбрана на појасот во „перо“ категорија.
Сега го чека нов предизвик, против помладиот, 30-годишен Мексиканец.
„Голема закана е (Хаир Родригез) зошто изгледаше сјајно против Џош Емет. Но јас не сум Џош Емет. Јас сум шампион во оваа категорија и тоа ќе го покажам во сабота вечер“, изјави Австралиецот со македонски корени.
А ривалот во сабота, Јаир Родригез вели:
Тој е добар борец. Еден од најголемите на сите времиња и среќен сум што ќе се сретнеме. Искрено голема чест е. Немам ништо лошо да кажам за него, ќе имаме *бена лудница во сабота“, рече Мексиканецот за Волкановски.
Викендов на настанот УФЦ 290 ќе има уште еден спектакл за титула, дуел меѓу Мексиканецот Брендон Морено (21-6-2) и Бразилецот Алешандре Пантоја (25-5) во категоријата „мува“.