Голем триумф на Александар Волкановски, остана крал во својата категорија

Австралиецот со македонско потекло Алекс Волкановски по петти пат во својата богата кариера го одбрани шампионскиот појас на еден УФЦ настан и докажа дека крал во својата перо категорија.

Волкановски утрово беше посилен од Мексиканецот Јаир Родригез и го нокаутираше во третата рунда пред судијата да означи крај поради апсолутната доминација на Волкановски.

Алекс на бурен начин на прослави победата на УФЦ 290. „Јас сум кралот на оваа дивизија! Никој никогаш нема да ме сопре“, рекол Волкановски.

По мечот Волкановски најави нова борба до крајот на годината, а ривал според неговите желби би бил досега непоразениот Грузиец Илија Топури со кого синоќа после борбата имаше тензична размена на зборови:

Враќањето на Волкановски во октагонот најверојатно ќе се случи по оперативниот зафат на раката.

Волкановски во февруари се проба во друга категорија и загуби на поени по контроверзни судиски одлуки од Ислам Махачев. Претходно Волкановски забележи 10 победи по ред во неговата перо категорија а ги совлада и трикратниот шампион Макс Холовеј и еднаш Хозе Алдо. Волкановски во УФЦ дебитираше во 2016-та.

Утрово ротив Јаир Родригез Волкановски тргна во офанзива и сите три рунди доминираше над противникот. Судијата дефинитивно го прекина мечот после 4 минути и 19 секунди во третата рунда.

Волкановски е најдолго шампион од основањето на УФЦ, ова беше негова 11-та победа по ред во перо категорија и сега го лови подвигот на Холовеј кој имаше 13 добиени борби по ред.

9 јули 2023 - 14:08