Спорот беше за дозволената висина на тестостерон за атлетичарки.
Семења има природно зголемено ниво на тестостерон па таа не можеше да се натпреварува во одредени дисциплини затоа што одбиваше преку вештачки пат да ѝ се спушти нивото на овој хормон во организмот. Истото правило важеше и за други атлетичарки.
Судот во Стразбур донел одлука во корист на Семења со четири гласа за и три против во седумчлен совет на судии. Се очекува да се види дали оваа судска одлука ќе значи и дозвола за Семења да настапи на Олимписките Игри во Париз 2024. Семења има две злата на ОИ 2012 и 2016. Во 2019 не доби дозвола да се натпреварува на ОИ 2020 во Токио.
„Светска атлетика ја прочита пресудата на длабоко поделениот Совет во Европскиот Суд за чвоекови права. Ние остануваме на гледиштето дека ДСД регулативите се потребни, оправдани и соодветни за заштита на фер натпреварувањето во женска категорија како што Судот за Спортска арбитража и Швајцарскиот Врховен суд проценија по детална и стручна анализа на доказите.
Овој случај е воден против државата Швајцарија повеќе отколку против Светска атлетика. Ќе се советуваме со Владата на Швајцарија за следните чекори и со оглед на длабоко различните погледи на одлуката, ќе ги охрабриме да бараат преиспитување на случајот пред Советот во Европскиот Суд за човекови права за конечна одлука“, стои во соопштението на Светска атлетика која се противи на тоа Семења да се натпреварува на Олимписки Игри без претходно да и се намали хормонот тестостерон.