Публиката на трибините на сето тоа уште и дополнително ја исвирка Викторија Азаренка, како таа да е виновна за нешто што се случува далеку од спортот.
Why would the Wimbledon crowd boo Victoria Azarenka? It makes no sense. It was Svitolina who has unilaterally decided not to shake hands with certain players. I feel sorry for @vika7 ! pic.twitter.com/zPWWqkwOiM
— दिविर जैन (@divirj04) July 9, 2023
„Ја познавам Елина многу долго. Отсекогаш сум имала добар однос со неа. Но моменталните околности се такви. Не можам да ја контролирам публиката. Не сум сигурна дека многу луѓе разбираат што се случува, веројатно испиле многу Пимс дента.
И покрај тоа што Свитолина важи за барјактар во нападите на руските и белоруските колеги и колешки, Азаренка не и зема за зло.
„Таа не сака да се ракува со руските, белоруските спортисти. Ја почитував нејзината одлука. И што требаше да направам? Да останам и чекам? Го сторив тоа за што сметав дека искажува почит кон нејзината одлука. Ако луѓето ќе се фокусираат сам на ракување или публика, и тоа прилично пијана публика која на крајот свири, тоа е штета“, рече Азаренка која е елиминирана после поразот од Свитолина.
Во меѓувреме главна сензација во женскиот дел од турнирот е 16-годишната Мира Андреева од Руска Федерација.