Се спрема страшна борба Фјури - Нгану, што е познато до сега?

Поранешниот хегемон во УФЦ, страшниот Френсис Нгану и актуелниот светски боксерски шампион во WBC верзија Тајсон Фјури на 28-ми октомври ќе боксуваат во Саудиска Арабија. Потврда за договорот стигна и од двата тима.

ПОРАДИ ЗАБРАНА ДА БОКСУВА, НГАНУ РАСКИНА СО УФЦ И ЗАМИНА

Во јануари 2023-та година Френсис Нгану и официјално замина од УФЦ и го остави шампионскиот појас без сопственик. Првиот човек на УФЦ, Дена Вајт тогаш изјави дека Нгану се откажал од договорот со нив поради тоа што сакал паралелно и да боксува и барал место во управата на УФЦ.

Во мај годинава Нгану изјави дека неговиот тим преговара со компанијата Floyd Money Team (брендот на Мејведер). „Јас отсекогаш сум мечтаел да се сретнам со Тајсон Фјури, но сега тој не ми е достапен. Моја цел е да имам една подготвителна борба годинава. Миниум една до почетокот на следната година“.

После заминувањето од УФЦ, Нгану често зборувал на темата борба со Тајсон Фјури иако никогаш не дебитирал во боксот. Се споменуваа и борби со Ентони Џошуа и Деонте Вајлдер. Самиот Фјури кажа дека нивната борба има голем потенцијал и интерес од спонзори од Блискиот Исток.

Пресвртен момент стана кога во 2022-та Нгану го победи Сирил Ган и паузираше поради повреда. Тогаш исто кажа дека е можно да боксува со Фјури но со ММА услови. Тимот на Фјури соопшти дека во случај да не се договорат со Александар Усик, ќе преговараат со Нгану и сега тој дуел е веќе договорен.

„ТОА ЌЕ БИДЕ БОРБА НА ВЕКОТ“

Боксерски дуел во тешка категорија меѓу Фјури и Нгану ќе има во Ријад на 28 октомври. Првичната информација ја потврдија новинарите Мајк Копинџер и Ариел Хелвани а после изјава дал и менаџерот на Нгану Маркел Мартин. „Тој одново бараше тежок предизвик и ние му договоривме“.

Борбата ќе се одвива по класични бокс правила со тројца судии до рингот кои ќе користат систем на оценување.

„Овој дечко треба да биде најјак боксер на светот, но да видиме како ќе одреагира на ударите на големиот „Крал на циганите“. Со нетрпение чекам да покажам дека сум „Крал на циганите“, најголем борец на генерацијата. Тоа ќе биде борба на векот“, изјавил Тајсон Фјури во свој стил.

По повод договорената борба, Нгану кратко рекол: „Никогаш не сомневај во човек со надеж и вера“.

Уште не е познато колку двајцата тешкаши ќе заработат. Менаџерот Али Абдел-Азиз изјавил дека за борба во бокс ринг Нгану сакал да заработи околу 30 милиони долари. Фјури, пак, искусен во боксот, очекува за мега спектаклот со Камерунецот да заработи 10-15 повеќе отколку што заработуваат УФЦ борците.

Притоа во јуни годинава Фјури изјави дека добил понуда од УФЦ за хибридна борба со шампионот во тешка категорија Џон Џонс.

„А што да не се борам со Џон Џонс и Френсис Нгану во иста вечер? Ете толку многу ги ценам тие двајца клошари“.

ВО РИНГ ХИБРИДНА БОРБА ВЕЌЕ ПРОБАА КОНОР И АНДЕРСОН СИЛВА, НО НЕ БЕШЕ ИНТЕРЕСНО ЗА ПУБЛИКАТА

Главен хит на патот меѓу боксот и ММА беше дуелот Конор - Флојд Мејведер во 2017-та. Овој експеримент со боксерски правила привлече многу гледачи но немаше ама баш никаква интрига и неизвесност па стана предмет на потсмев. Дури и најсилните борци од ММА како Конор Мекгрегор губат во боксерски ринг. Така беше на пример кога легендарниот Џејмс Тони се проба во УФЦ а Ренди Кутјор го финишираше во прва рунда.

За да има каква таква интрига, на ММА борецот му се давало и предност па ја искористил Витор Белфорд (44 години) во 2021-ва кога го „нокаутираше“ Евандер Холифилд на 58-години. Без предност и фора е тешко. Најголема победа на ММА борец против боксер ја забележа Андерсон Силва. Некогашниот голем шампион во рингот го совлада поранешниот боксерски светски шампион Хулио Сезар Чавез кој бил 11 години постар. 

13 јули 2023 - 10:24