Фото на денот

Како и во секој преоден рок во изминатите 5-6 години, така и сега Хари Кејн, најдобриот англиски центарфор е во центар на внимание. Дали ќе си оди од Тотенхем или ќе остане да работи со новиот тренер Постекоглу.

Во Англија една од најкултните фотографии е онаа на Дејвид Бекам со Хари Кејн и Кејт Кејн (моминско Гудленд). Тие двајца учеле во исто школо кое на времето еднаш го посетил Дејвид Бекам. Капитенот на репрезентацијата на Англија во 2005-та ги повикал учениците од ова училиште во својата академија за спорт и фитнес во Лондон каде и настанала оваа фотографија.

Еве како денес изгледа парот кој долги години е заедно:

Парот бил во врска цели 13 години пред Хари Кејн во 2017-та да ја побара својата девојка за жена. Се случило тоа по раѓањето на нивната ќерка Ејви Џејн. Наскоро семејството добило уште една ќерка - Вивиен, а во 2020-та Кејт го родила и синот Луи Хари.

Сопругата на капитенот на Англија Хари Кејн дипломирала на Лондонскиот универзитет. Таа сега води мрежа фитнес клубови во кои и самата ја одржува својата форма.

12 јули 2023 - 10:41