Се гледал секаков фудбал, на дожд, на горештини, а на земјотрес?
Во Јужна Азија се играло фудбал за време на поројни дождови и невремиња, на Блискиот Исток се играло и на 40-50 степени. Ама досега фудбал за време на земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер не сме виделе. Во Јужна Америка страста за топката е посилна и од земјотрес, па така коментаторите низ насмевка констатираа дека се тресе земја, се тресат трибини, се тресат камери, а навивачите пееја некоја шегобијна песна за земјотрес.
За време на меч од втора лига во Чиле меѓу Депортес Реколета и Депортес Темуко судијата накратко го прекинал мечот поради силен земјотрес што е честа појава во оваа јужно-американска земја.