Offside

Едниот е број 1 на АТП, другиот број 2. Очигледно, тоа е дуелот што ја карактеризира сегашната ера на тенисот и кој ќе биде актуелен во следната деценија, со исклучок на изненадувањата.

Можно ли е Мексико да остане без организацијата за Мундијалот 2026?

Грозните сцени од мексиканскиот фудбалски натпревар и денеска се дискутираат во Јужна Америка, а и пошироко. Самите Мексиканци бараат суспензија после хоророт кој заврши со жртви и повредени. Еднаш и беа суспендирани, ама како учесници.

Горан Попов на украински

Поранешниот македонски репрезентативец кој играше во Динамо Киев, сними видео порака за поддршка на Украина, љут и гневен што гине невин народ во земјата каде стекнал пријатели.

Редарите на Штутгарт кај Кличко да не тренирале?

На меч од Бундеслигата викендов на трибина имаше бокс партија меѓу редарите на Штутгарт и навивачите на Борусија Менхенгладбах. Ги добија уште во прва рунда.

Класичен пример на што се сведе модерната кошарка

Ако се земе предвид дека во последните неколку години „класични“ центри во НБА лигата се високите подвижни „четворки“ како Јокиќ, Ембиид и Ентони Дејвис, тогаш ви е јасно дека играчи како некогашните тешкаши Шекил, Хаким Олајџувон, Патрик Јуинг, Дејвид Робинсон и другите веќе се ендемски вид.

Нечовечната навивачка пресметка во Мексико со најмалку 17 жртви

Мексиканскиот фудбал повеќе личи на фудбал, отколку на војна, ако се суди по инцидентот кој се случи викендов. Властите официјално известуваат за 22 повредени и 9 хоспитализирани, а локалните медиуми тврдат дека има минимум 17 мртви. Работите до толку излегле од контрола, што тренерот на домаќините со помош на играчите, засолнувал гостински навивачи во соблекувална.

Го видовте ли најчудниот кош на вечерта во НБА?

Брендон Инграм одигра феномален меч против Денвер со 38 поени, 5 скока и 9 асистенции, но неговиот Њу Орлеанс Пеликанс изгуби дури после продолженијата од Денвер Нагетс На оваа средба Јокиќ во последните 7 минути даде 23 поени што е незапаметено, а Инграм случајно фрли една „фрљотка“ од пола терен и погоди.

11 рекордни тројки на Хрватот Бојан Богдановиќ, влезе меѓу рекордерите во НБА

Бојан Богдановиќ, лидерот на Јута Џез игра сезона од соништата. Хрватскиот репрезентативец во триумфот на „џезерите“ над Оклахома Сити 116:103 постигна 35 поени од кои дури 33 беа од шут за три поени.

Партија на Јокиќ каква што немал сезонава

Денвер Нагетс после продолженија го совладаа Њу Орлеанс 138-130 а актуелниот МВП на лигата, Јокиќ постигна 46 поени со шут од игра 16/22 а дури 30 поени постигна во последните девет минути од регуларниот дел и продолжението. 23 поени Јокиќ уфрли во последните седум минути од мечот.

Викенд на евроголови, штета за поништениот на Жоао Феликс кој ќе беше број 1 на месецот

Богат избор на голчишта имаше колово. Стигнавме до топ 5 листа, која можеби и ќе ја појачавме ако буричкавме уште по европските лиги.

Сјаен гол на Лукас Подолски, уште игра и уште му работи левицата

Неговиот тим Гурник Забже победи 3-0 во мечот со Краковија. Ветеранот Подолски го постигна последниот гол на мечот во 90+2’ минута и тоа во негов препознатлив стил, со острата левица. Некогашната ѕвезда на Баерн Минхен на 18 меча сезонава има 5 гола и 2 асистенции.

Голман на Бордо одбрани пенал па сам ја стави топката во гол

Бордо изгуби дома од Троја 0-2, ама резултатот можеше да биде поинаков, голманот Гаетан Пусан да не направеше неискусен кикс на голот. Одбрани пенал во 28’ минута, ама неспретно, па топката ја помина линијата и му алармираше на судијата на часовникот на кој имаат сигнал за гол-технологија.

Атлетико влече контра 3 на 1, коментаторот им се изнасмеа

Атлетико Мадрид освои многу важни 3 бода со кои го симна Бетис од четвртата позиција и тоа на гости ги добија со 1:3. Шпанските коментатори се изначудија на пропуштенава шанса.

Елмас и другарите со порака за мир

„Живееме во опасен и драматичен период и со сите наши следбеници мора да испратиме порака за мир. Тоа може да послужи за поттикнување на свеста за она што се случува. Со надеж дека доброто наскоро ќе триумфира над злото“, гласи пораката на Твитерот на Наполи.

Авион со парола Cats Lives Matter леташе над стадионот Енфилд Роуд

Навивачите и јавноста во Англија никако не му го забораваат испадот на дефанзивецот на Вест Хем Курт Зума кој се појави на видео во кое се гледа како насилно ја рога и шутира својата домашна мачка. Спонзори му раскинаа договори, а синоќа го пецнаа и на „Енфилд Роуд“.

Нено Димитријевиќ блесна во победата над Барселона

Валенсија со 86-76 ја совлада Барселона во шпанската лига а нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна 16 поени со 4 скока и 7 асистенции и беше еден од најдобрите поединци на паркетот во салата „Ла Фонтета“. Валенсија на Барса и ја урна серијата од 12 триумфи во сите натпреварувања.

Голмански рецепт како да испуштиш победа во последна секунда

Гамба Осака водеше 2-1 против Кавасаки буквално до последните секунди од мечот кога домашниот голман Ишикава направи глупост и му овозможи на Бразилецот Дамиао да израмни на 2-2 и гостите да освојат важен бод. 

Контра ни прекина, батали џогерот

Минесота Тимбервулвс со 138:101 убедливо ја совлада Оклахома во меч кој донесе една комична епизода. Џордан МекЛохин пресече едно додавање на Шеј Гилџес-Александер кон Ајзеа Роби и тргна во брза контра, ама таму двајца дечки го бришеа подот па се најдоа во небрано.

Еврогол на дербито Жељо - Сараево

Откако ја започна авантурата на клупата на Сараево со две идентични победи со 2:0, Александар Васоски денес со двајца Македонци во тимот загуби со истиот резултат во големото градско дерби со Железничар. Армин Хоџиќ го отвори резултатот во 31' минута а искусниот Ермин Зец постигна фантастичен погодок за конечни 2-0 во 90' минута.

Картите отидени како алва, Италија - Македонија пред скоро 30.000 гледачи

Само два часа по пуштање во продажба, 26.000 влезници биле експресно продадени онлајн и на билетарниците на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. Сицилијанците се желни за фудбал, особено што во градот после долго време им доаѓа нивната селекција која минатото лето стана европски шампион.

Пеп Гвардиола: „НАТО и ЕУ се неспособни, ова се случуваше и во Сирија и Југославија“

Најдобриот тренер на денешницата, на прес-конференцијата за медиуми во пресрет на големото градско дерби со Манчестер Јунајтед зборуваше остро и искрено за војната во Украина.

Вардарци го дознаа ривалот во осминафинале

Откако ЕХФ потврди дека Вардар службено го добива натпреварот против белоруски Мешков Брест со 10-0 затоа што сите меѓународни спортски федерации решија да ги исфрлат руските и белоруските клубови од турнирите, „црвено-црните“ како 5-ти во својата група веќе го знаат ривалот.

Лудорија од дриблинг на играч на Ница

22-годишниот Амин Гуири од Ница е најголем фудбалски талент во Франција. Откако Мбапе стана мега ѕвезда, медиумите сега будно го следат и Гуири. Тој ја внесе Ница во финале на Купот на Франција откако во полуфиналето против нисколигашот Версај даде гол и намести еден со неверојатни дриблинзи пред асистенцијата.